0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски за Ковачевски: “ШТО ЈЕ ГЛАВА ПРАЗНИЈА, ТО ЈЕ БЕЗОБРАЗНИЈА” “БЛАГО ОНОМ...

Груевски за Ковачевски: “ШТО ЈЕ ГЛАВА ПРАЗНИЈА, ТО ЈЕ БЕЗОБРАЗНИЈА” “БЛАГО ОНОМ КО РАНО ПОЛУДИ, ПА МУ ЖИВОТ ПРОЂЕ У ВЕСЕЉЕ”

spot_img

“ШТО ЈЕ ГЛАВА ПРАЗНИЈА, ТО ЈЕ БЕЗОБРАЗНИЈА”
“БЛАГО ОНОМ КО РАНО ПОЛУДИ, ПА МУ ЖИВОТ ПРОЂЕ У ВЕСЕЉЕ”

Деновиве неколку мои пријатели ми пратија линк од настап на Димитар Ковачевски на еден поткаст. “Гледај го” ми вели едниот. Погледнав, саат и нешто трае. Си велам да “утепам” саат и кусур за Ковачевски да го слушам, има ли смисла? Се откажав.
“Мораш да го гледаш” ми пишува друг, “многу жестоко и приземно те напаѓа, со лични навреди и омаловажувања”. Трет пак нешто така. А што ако ме напаѓа, кога никој не го зема за сериозно човекот, си велам.

Незнаев како да им објаснам дека гледањето на Ковачевски со тежински фактор на влијание во политиката “нула” е чиста загуба на време.
Како да гледаш некој локален фраер пред напуштена “кооперација” во населеното место, со пиво во рака, седнат на гајба во некоја далечна провинција, глуми некоја величина и самодоверба и се труди да е вицкаст, а нема талент, ниту некаков резултат зад себе во работата што ја работи.

Во ред, бил назначен за премиер! Не избран, назначен. Но, што направил?

Што тој направил, а што јас сум направил како премиер?

Од односот негов се гледа дека ништо не направил.
Ако направил немало по 8-9 години одкако веќе не сум премиер, да се пресметува со мене и да се докажува пред јавноста.
Луѓето што нешто реално направиле во областа што ја работат немаат потреба од себедокажување со навредување на другите што создале успеси.
Тој што реално направил реформи, дела, подобрувања, ја испополнил и надминал ветената програма и проекти, решил најтешки проблеми, изградил, создал, истрајал на притисоци од областа на национален интерес, донел крупни инвестиции во земјата, преполовил невработеност во време кога е најголема во Европа…, тој човек цени, и не напаѓа некој друг кој постигнал реален успех, бидејќи знае колку тоа е тешко. Цени, почитува, бира зборови, знае што зборува.

Тој што не направил нешто особено или ништо, тој навредува, се прави паметен со омаловажување на други, озборува, “плука” по луѓе или медиуми, не почитува и верува дека така, со “плукање” на многу поуспешни од него и тој ќе стане голем, бидејќи го нападнал и предизвикал некој кој е многу поголем од него, во учинокот, во успесите и во испорачувањаето на ветените резултати.

Сепак, некако попуштив, па по инсистирање на повеќе мои пријатели, на крајот попуштив и го гледав со неколку дена задоцнување, ама истовремено работев и уште една друга активност, да не ми отиде времето залудно.

Прво, целиот негов однос е како човекот да има некоја болест со која е надвор од реалноста. Зборува со манири, дикција, многу висока самоувереност, и фацијална експресија како да неговиот кандидат за претседател во првиот круг победил со 180 илјади гласа разлика, а не загубил, како што се случи.
Од време-навреме знае да каже нешто од типот “ја примивме пораката”, бидејќи така го задолжиле неговите платени експерти за комуникација со јавноста и кампањата, но тоа е колку да исполни што се бара од него, слично како онаа фраза “имавме грешки во кадровска политика”, иако веднаш после тоа еден по еден така ги фали и воздигнува сопствените министри, што единствен заклучок може да биде дека ако биле толку добри неговите министри, најверојатно лидерот не чинел. Ама не оди од агенцијата која ја води кампањата да му кажат “кажи имавме слаб и “изгубен во свемирот лидер”.

Човекот како тотално да се одлепил од реалноста. Всушност тој веројатно си беше одлепен од реалноста, ама изборните резултати, наместо да го вратат, уште повеќе го оддалечиле од реалноста, во која народот очигледно му додели “црвен картон” на последните избори. А овој горд на себе по поразот, како да слави, како да навистина дал “гол” во 90’ минута и го добил натпреварот, како што го гледавме во еден таков негов спот за кој во поткастот кажа дека бил реалност.

Не е непознато славењето и величењето на поразите низ балканската историја, ама овој нашиот “лик од пред напуштена кооперација со пиво во рака седнат на гајба и еден тон самодоверба и чувство на величина“ некако ептен личи самоубеден.
Да е навистина самоубеден и најдобар нема
другите да се обидува да ги омаловажи. Тоа е докажано во психологијата.
Плука над себе, во височина. Знаеме фигуративно гледано што следува во таква ситуација: неговата плунка му се враќа директно на неговото чело. Ќе си ја забележи наскоро.

Па некако ми проструи низ главата онаа српската: “Благо оном ко рано полуди, па му живот прође у весеље”.

Се потсетив и на зборовите на поранешниот макеоднски амбасадор во Израел – Пајо Авировиќ кој во една прилика во неврзан разговор во Тел Авив ми кажа дека секоја година на Велигден во Ерусалим, кога милиони верници пристигнуваат таму, обавезно околу 5-6 луѓе привремено целосно одлепуваат и реално почнуваат да веруваат дека се новиот месија и така се однесуваат, се преставуваат и слично. Држат говори низ градот, и прават се што мислат дека би правел еден “Божји син” испратен од Бог да го спаси човештвото, и тоа трае се додека не го однесат во болница и не прими инјекција.
Сепак, тука неговиот ментор Зоран Заев сеуште е неприкосновен, ненадминлив, и на него ни инјекција не му помага, па привидот дека е месија пратен од Господ да го спаси народот, односно дека ја спасил Македонија и донел живот, го држи еве над 8-9 години, а и неодамна си снимил спот во кој на почеток кажува дека го спасил народот од мене и од ВМРО-ДПМНЕ.
За жал, за некој болести нема лек.

Околу нападите врз мене,незнам што да одговорам а да звучи сериозно, на така не сериозен настап. Корените сме ги барале кај хунзите, сум играл Чардаш покрај Дунав пет години, сум излегувал само на саем на книга преку издавачката куќа “Ѓурѓа”, сите новинари што биле против нас сме ги тепале и затварале, итн.
Човекот не разбира ништо, а многу сака да зборува и правејќи се вицкаст, мора да навредува, бидејќи на друг начин не знае да привлече внимание кон себе.

Празен е.
Независно на дипломите, неговиот фонд на зборови и вокабулар упатува дека застанал некаде на “Марика лета со авион”.

Ќе завршам со уште една српска поговорка која заради римата ќе ја напишам повторно на српски, а која најпрецизно го отсликува Ковачевски и неговото однесување:
“што је глава празнија, то је безобразнија!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...