13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонија,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската полиција се превземаат мерки за организација на преземањето на лицето и негова екстрадиција во Република Северна Македонија, велат од МВР.

<

Водејќи се од досегашната пракса за други екстрадиции, според извори на ,,Фокус”, Палевски, најверојатно, во присуство на турската полиција ќе биде спроведен до аеродромот, поточно до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него додека лета, а потоа штом авионот ќе слета на македонско тло, како засилување ќе го пречекаат припадници од специјалната единица ,,Тигри”.

Од таму, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Палевски е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Валентина Вурмо Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...