16.5 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаМакедонијаДенеска по струшките улици литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“

Денеска по струшките улици литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба ќе тргнат од храмот „Свети Георгиј“ и ќе поминат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата придружувани од голем број верници.
Моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска ќе ја осветат Струга.

<

Сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица за МИА информира дека и годинава поворката ќе ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

„На чело на еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф“, појаснува сестра Ефимија.

Моштите, додава, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

„Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно ќе се врати во црквата“, истакна сестра Ефимија.

Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние кои не можат да се вклучат во литијата, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна..

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...

Пејачката Наташа Малинкова е кандидат за советничка во Општина Кавадарци

Поп-рок пејачката Наташа Малинкова (42) е кандидат за советничка на Совет на Општина Кавадарци на претстојните локални избори. Нејзиното име се најде на листата...

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци...

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...