24.9 C
Ohrid
понеделник, мај 20, 2024
ПочетнаМакедонија37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”.

– На ден 11.05.2023 година на ул. Беласица во Скопје, поточно под мост “Беласица“ предизвикан е пожар на “просторија за компензација на тополовод” во истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ – снабдување со топлина, при што предизвикани се и топлински оштетувања на наведениот топловод како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.
Со наведеното дејствие извршено е кривично дело “Тешки дела против општата сигурност” по чл. 292 од КЗ, а во врска со кривично дело “Предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ за што од страна на Единица за насилен криминал при СВР Скопје преземени се опсежни оперативни мерки за откривање на сторителот на истото. По изготвувањето на анализи во Одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место (отпушоци од цигари и запалка) од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица при што е утврден сторителот на горенаведеното кривично дело, лицето И.Х.(37) од Скопје и против истиот на 10.05.2024 година до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава“, истакна Тошковски.
Тошковски нагласи дека пријавениот И.Х. од 12.09.2023 година се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ “Скопје” поради сторено кривично дело “Тешка кражба” по чл. 236 од КЗ.

Мостот „Беласица“ беше опожарен на 12.мај минатата година, по што беше затворен за сообраќај.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Ова е одлуката на скопскиот...

Врховен судија фатен со 10.000 евра !!!

Судијата во Врховниот суд Наќе Георгиев е приведен поради мито од 10.000 евра и е префрлен во полициската станица Кисела Вода во Скопје, потврдија...

Петровска: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ!

Насловна / Македонија Објавено на: May 20, 2024 Петровска: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ! t Се уште актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во изјава...

Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

Со пригоден настан кој се одржа денеска, Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите. Упатувам голема благодарност и честитки до пожарникарите...