10.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаМакедонијаУкината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново...

Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а потврдена за докторот Бобан Вучевски кој доби ослободителна пресуда за пожарот во тетовскиот Ковид центар во кој загинаа 14 луге.

Одлуката ja донела гостиварска Апелациja на 23 април, а деновиве беше објавена во медиумите. Според истата, предметот ке се суди одново. Судиите од Апелација-Гостивар велат дека првостепениот суд не постапил со должно внимание и додаваат: „за да биде во можност со сигурност да ги утврди сите правно релевантни факти, со единствена цел да даде одговор на сите спорни прашаьа и да ги утврди сите решителни факти за постоенье на кривичните дела и кривичната одговорност на страна на обвинетите Флорин Бесими, Артан Етеми”
Основани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, наведени во жалбите на обвинетите во делот на сега обжалената пресуда по точка I од истата, кои се однесуваат на отсуство на образложени причини за решителните факти и наполна нејасност на дадените причини, што jа прави простепената пресуда во делот под точка І нејасна, неразбирлива и противречна сама на себеси, па како таква и неподобна за целосно испитуваье по однос на незината правилност и законитост. Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапуванње на судот спротивно на член 408 став 6 од ЗКП, според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решаванье на правните прашана и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, jа прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитуванье по однос на неузината правилност, на што основано се укажува во иззавените жалби на обвинетите, стои во образложението.

Минатата година кога се изрече првостепената пресуда, условни казни добија поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми, кои беа обвинети за пожарот во модуларната болница во Тетово, во која во 2021 година загинаа 12 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19 и уште двајца посетитиели.

Докторот Бобан Вучевски беше ослободен од вина, а на Клиничката болница во Тетово и е изречна парична казна од еден милион денари…

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...

Штипската Миа Калифа по само 9 дена исфрлена од реалното шоу

Моника Станојкова по само 9 дена од влегувањето во реалното шоу “Елита 8” синоќа на првата елиминација беше кандидат со најмалку гласови од публиката. Нејзиното...

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...