4.9 C
Ohrid
сабота, февруари 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПотпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН

spot_img

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, во чии рамки има размислувања дали да продолжат во сегашната форма или да формираат нов субјект, неофицијално дознава „Фокус“.

<

Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, дознава „Фокус“.

Според неофицијални информации, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрешни избори на сите нивоа.

Иако внатрепартиските избори практично значат дека цело раководство е во оставка, сепак Ковачевски не поднесе оставка на јасен и недвосмислен начин. Сепак, тоа го направија дел од членовите на најтесното раководство, меѓу кои прв беше Битиќи.

„Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“, напиша Битиќи.

Според него, неговиот чин претставувал апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

„Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции“, напиша Битиќи.

Инаку, Битиќи беше на врвот на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица веднаш после Оливер Спасовски и стана дел од новиот парламентарен состав, меѓутоа во пакет со оставката од партиската функција не поднесе оставка и од пратеничката функција.

Според нашите добро упатени соговорници, откако ќе завршат внатрепартиските процеси во СДСМ, кои се очекува да минат во тензична атмосфера, Битиќи прво ќе делува како независен и самостоен пратеник во Собранието.

Меѓутоа, дознаваме дека тој ќе биде на линија со ВЛЕН, а првиот сигнал за нивната меѓусебна соработка или координација ќе биде поддршката на Битиќи на закони за кои е потребно т.н. двојно или Бадентерово мнозинство.

Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Васил: Не сме богата фамилија ниту пак влијателна,изразувајќи сочувство на семејството на Фросина.

Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина. Тие, заедно со бранителот...

Васил Јованов осуден 3 години и 10 месеци затвор за дрогата

Возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулаков oсуден е на три години и десет месеци затвор за дрогата со која бил фатен пред...

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во селото Сливово.

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село...

Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој...

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот...