16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ се подготвува за „процесот на обнова“ на сите нивоа во партијата

СДСМ се подготвува за „процесот на обнова“ на сите нивоа во партијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Социјалдемократите од наредната недела ги почнуваат подготовките за свикување на отчетниот Конгрес на кој ќе се реферира за изборните резултати и реструктуирање на партијата по катастрофалниот пораз на партијата на двојните избори.
Од СДСМ брифираат дека највисокото раководство и Извршниот одбор на отчениот Конгрес ќе ги рагледаат причините за изборниот резултат и ќе ги дефинираат роковите кога да се одржат внатрепартиските избори што ги најави лидерот Димитар Ковачевски вечерта по изборниот пораз.

<

-Процесот на обнова ќе биде на сите нивоа, ќе се избира претседател, заменик претседател, раководство, сите органи и тела на партијата на централно и локално ниво, согласно Статутот на СДСМ, брифираат од СДСМ.

Дел од политичките аналитичари сметаат дека сега за СДСМ поважно е да има коренити реформи и внатрепартиските избори со искрен пристап, отколку тајмингот кога тоа ќе се случи, без да се избрзани, ниту само козметички нашминкани.

– Што е поголем поразот на парламентраните избори, а овој беше историски за СДСМ, потребни се коренити реформи за да фатат приклучок со потребите на електоратот и со вистинските потреби и комуникација со граѓаните… Доколку ги третираме оставките како потег за политички маркетинг, тогаш се задоцнети. Тие требаше да следат веднаш по најголемиот пораз. Но политички одлуки не се носат ниту во еуфорија, ниту во депресија. Поважно од тоа кога ги дале оставките и кој е терминот за нивните реформи е тие реформи да бидат искрени и чесни. Значи навистина да погледнат што е проблемот со намаллувањето на гласачкото тело на таа партија, зошто тоа им се случува, да премина од „denial“ фаза во некаква фаза на прифаќање, изјави Арсовски.

По историски најлошите изборни резултати, дел од високите партиски функционери јавно најавија оставки, но од партијата пoтврдија дека официјално ниту еден не ја депонирал досега. Сепак, објаснуваат дека со самата најава дека ќе се избира ново раководство, всушност целото актуелно е во оставка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...