13.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден починал народниот херој, Цветко Узуновски.

На денешен ден починал народниот херој, Цветко Узуновски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПОЧИНАЛ НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ЦВЕТКО УЗУНОВСКИ

<

Уште на 12 години заминува да учи занает во Белград. Како занаетчиски работник, во 1934 година се приклучува на синдикалното движење, а во 1937 година станува член на КПЈ. Во 1934 година е уапсен од полицијата и е осуден на две и пол години затвор, кои ги одлежува во Пожаревац. По излегувањето од затвор, полицијата го протерува во Царев Двор. Таму тој не останува долго време и се враќа во Белград. Во Белград се задржува неколку месеци, по што заминува за Шпанија. Во Шпанија пристигнува во јуни 1937 година и до 1939 година учествува во Шпанската граѓанска војна како припадник на Интернационалните бригади. По падот на Шпанската република, Узуновски е во концентрационен логор во Франција до 1941 година. Заедно со други југословенски логораши во 1941 година заминува на работа во нацистичка Германија, каде е одреден да работи во Еспенхајм во близина на Лајпциг.

Во септември 1941 година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на КПЈ за Македонија. При формирањето на Комунистичката партија на Македонија во март 1943 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Од пролетта 1943 година е политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Избран е за делегат е на Второто заседание на АВНОЈ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избран за член на неговиот Президиум.

По ослободувањето, од 1944 до 1946 година, Узуновски беше прв началник на ОЗН за Македонија, а на 11 февруари 1946 година е избран за министер за внатрешни работи на НР Македонија. На оваа функција останува до 1953 година, кога е деградиран. Причините за деградирањето се, покрај аферата со крадење злато и градењето луксузна вила во Отешево, и информациите дека Узуновски соработувал со Гестапо во Загреб во летото 1941 година.

Испратен е на работа во сојузните органи. Од август 1953 година е началник на Управата за цивилна заштита во Државниот секретаријат за внатрешни работи на Југославија, а од 1963 година е началник на Управата за народна одбрана во Државниот секретаријат за народна одбрана на Југославија. Пензиониран е како генерал полковник на ЈНА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...