Успешно одржано шестото издание на трката Охрид Ултра-Треил
Охрид
Спорт
27/05/202478
Овој викенд на падините на планината Галичица беше одржано шестото издание на планинската ултрамаратонска трка Охрид Ултра-Треил.
Настанот Охрид Ултра-Треил оваа година беше составен од 5 трки во планинско трчање кои започнуваа од различни локации од националниот парк Галичица, а сите финишираа на градскиот плоштад во Охрид. На трките од 107, 65, 40, 22 и 10 километри имаше пријавено вкупно 470 натпреварувачи од 36 земји, а од нив 442 стартуваа и имаа можност да уживаат во пролетните убавини на националниот парк Галичица..
Најдолгата трка која го носи и името на настанот беше со старт и цел во Охрид, но ги минува ниските делови на Галичица до Свети Наум од каде остро се качува до највисоките делови на Стара Галичица – врвовите Кота Ф10 и Магаро. Од таму преку гребенот, тркачите движеа до карстните полиња на Галичица, до делот на Летница и Висок Врв па се до целната линија во Охрид..
Најбрзи ултра маратонци кои успеаја да ја минат оваа исклучително тешка делница беа Димитар Атанасов од Бугарија, кој заврши на третата позиција со време од 14:13:40, Јан Божич од Словенија заврши втор со време од 13:27:46 а победник беше Теодорос Зиакас од Грција – 12:34:38 – рекорд на стандардната А – Патека.
Во женска конкуренција трета беше Перин Фаж од Саудиска Арабија 21:25:19, втора заврши Седа Куртулду од Турција 20:53:43, а победник беше Ивана Ценерич од Србија со време од 18:46:02
На втората по должина трка Галичица Ултра 65км која стартуваше од Свети Наум во машка конкуренција трет заврши Виган Хоџа од Косово 08:05:15, втор беше Андреј Мијаче од Романија 08:03:10, а најбрз беше Стелиос Петроутсос од Грција со време од 07:51:06.
Во женска конкуренција трета заврши Катја Ледерер од Австрија 10:38:15, втора Корнелија Хорват 09:41:40, а триумфираше Елена Ртоска од Македонија 08:07:41.
Трката Самотска Треил Маратон која започнува од Пештани имаше дури 106 финишери. Трет во машка конкуренција беше Златко Николов од Македонија со време од 04:24:56, втор Мајк Ван Дер Мерве од Јужна Африка со време од 04:16:35, а прв беше Димитар Илиев од Македонија со време од 04:10:54.
Во женска категорија трета беше Магдалена Висоцка од Полска со време од 05:17:03, втора заврши Карин Глапиак од Шведска 05:12:31, а прва беше Николета Попович од Србија 05:09:42.
На најкратката трка Летница Треил во должина од 22 километри која започна од Велгошти настапија вкупно 162 тркачи од кои најбрзи во машка категорија беа Тони Цветковски од Македонија 02:32:34, втор Христијан Насевски од Македонија 02:27:27 и прв Александар Кирковски од Македонија со време од 02:23:29.
Кај жените на оваа трка трета беше Александра Танаскоска од Македонија 03:10:34, втора беше Мери Чкрипеска од Македонија 03:01:50, а прва заврши Снежана Ѓуриќ од Србија 02:54:44.
Новина оваа година беше трката за јуниори, Јуниор Треил, која беше во должина од 10 километри и на кој учество зедоа 23 тинејџери (од 13 до 18 години) од локалните охридски училишта и регионот.
Трето место во машка конкуренција беше Артиом Мори 1:14:42, втор беше Христијан Цветковски 1:05:54, а победник беше Илија Јанкуловски со време од 1:03:02. Кај девојките трета беше Клементина Николовска 1:54:37, втора беше Евгенија Огненова 1:41:05, a првата позиција ја освои Сара Секулоска 1:37:31.
Охрид Ултра-Треил прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан кој се одвива под отворено небо веќе шеста година за ред на кој учество земаат тркачи од Македонија и целиот свет. Оваа година организаторите, спортските здуженија Трекс од Скопје и Топ Адвенчрс од Охрид успеаја во склоп на настанот да организираат и спортски саем – Експо кое беше во времетраење од еден ден – 24.05.2024 во салата Билјанини Извори.
Официјалните резултати се достапни тука – https://ohrid.ultratrail.mk/out-2024/dashboard
Фотографии – https://drive.google.com/drive/folders/12qxh1INWl_M0iThuZ7cUXU4q2qZxkYUm?usp=sharing