32.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Орце: Од денес започнува услугата „Итно Копче“, наменета за нашите постари...

Градоначалникот Орце: Од денес започнува услугата „Итно Копче“, наменета за нашите постари и изнемоштени сограѓани и сме прва општина во Македонија која го нуди ова!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од денес започнува услугата „Итно Копче“, наменета за нашите постари и изнемоштени сограѓани и сме прва општина во Македонија која го нуди ова!

<

Оваа услуга која е достапна 24/7, е овозможена преку соработката со Црвениот крст и претставува уште еден чекор напред во нашата посветеност кон грижата за најранливите категории на граѓани.

„Итно Копче“ е иновативен аларм-уред кој на нашите сограѓани им овозможува брз и лесен пристап до помош во секое време.
Сѐ што е потребно е да го притиснат копчето на уредот, по што ќе добијат повик од операторот на контакт центарот на Итно Копче.

По воспоставувањето на контакт, корисникот ќе ги сподели информациите за своите тегоби, а обученото лице ќе му даде понатамошни насоки. Доколку е потребно, ќе биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом.

Општина Кисела Вода и досега беше лидер во обезбедување на услуги за постарите и изнемоштените лица и лицата со посебни потреби.
Ние први започнавме со услугата за бесплатен превоз, овозможувајќи им на нашите повозрасни сограѓани транспорт до лекар или до некоја институција за вршење на административни услуги.
Оваа услуга продолжува и годинава, но со големо задоволство ја промовираме и новата услуга со бесплатни нараквици со итно копче.

За почеток, Кисела Вода обезбедува вакви нараквици за 40 корисници, со надеж дека оваа бројка ќе се зголеми во иднина.

❗️Се надеваме дека и другите општини, а зошто не и Градот Скопје, ќе ја следат оваа траекторија и ќе се приклучат кон обезбедувањето на подобри услови за граѓаните.

Сакам искрено и од срце да му се заблагодарам на д-р Саит Саити од Црвениот Крст за поддршката и беспрекорната соработка која ја имаме изминативе години.
Продолжуваме понатаму.

Нашата мисија е да обезбедиме безбедност, грижа и поддршка за сите наши сограѓани, а „Итно Копче“ е уште еден значаен чекор во остварувањето на таа мисија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...