28.9 C
Ohrid
сабота, јули 13, 2024
ПочетнаМакедонијаВО СТРУГА ЌЕ СЕ СТУДИРА МЕДИЦИНА, УНИВЕРЗИТЕТОТ НА МЕРКО ДОБИ ДОЗВОЛА ОД...

ВО СТРУГА ЌЕ СЕ СТУДИРА МЕДИЦИНА, УНИВЕРЗИТЕТОТ НА МЕРКО ДОБИ ДОЗВОЛА ОД МИНИСТЕРОТ ШАЌИРИ

Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, добива нова образовна гранка, Факултет за здравствени науки. Вакво решение донесе министерот за образование и наука во заминување е Јетон Шаќири, кој по потекло исто така е од Струга и е сопартиец со Мерко во ДУИ.

Идните студенти ќе може да ги изучуваат медицинските науки во оваа приватна високообразовна установа која располага и со Факултет за економски науки, Правен факултет, Факултет за информатички технологии и Факултет за политички науки.
Министерството за образование и наука утврдило дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Cтруга. Позитивно мислење дале Агенцијата за квалитет на високо образовани и Одборот за акредитација.

Во Македонија има неколку медицински факултети, вклучувајќи го Медицинскиот факултет во Скопје, Штип и Тетово. Овие факултети обезбедуваат образование во области како општа медицина, стручни медицински сестри/техничари, радиолошки технолози, логопедија и физиотерапевти. Минатата година дозвола за основање на Факултет за здравствени науки доби Приватната високообразовна установа Меѓународен универзитет „Визион“ во Гостивар.

Лани на 20 јуни, Стејт департментот го означи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како непожелен за влез во САД поради вмешаност во значајна корупција. Стејт департментот тогаш кажа дека како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата на македонската јавност во демократските институции и функционери. На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца, Генц, Назмије и Дренуше.

С. ВРЕНЦОВСКА sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Властите истражиле „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во...

Србин ја истепал сопругата, па ја оставил на автопат кај Демир Капија.

По тепачката сопругот го запрел возилото и ја оставил С.М. покрај патот, а потоа со автомобилот, во кој биле нивните малолетен син и внука,...

Бебе во тешка здравствена состојба оставено на улица во Велес

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, било пронајдено од случаен минувач кој веднаш го однел во болница. Настанот бил пријавен синоќа...

Малолетниците кои беа најдени дрогирани се во стабилна состојба

Во свесна состојба се сите четворица малолетници кои вчера со тешка здравствена слика беа примени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката, Андон Чибишев утрово...