28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЦУК: Граѓаните да не се лутат, нема бесплатно заловување на змии во...

ЦУК: Граѓаните да не се лутат, нема бесплатно заловување на змии во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Центтарот за управување со кризи информираат дека во последно време често добиваат повици од населени места со барање за отстранување на змии. За жал, не постои специјализирана служба, а тоа не е работа на пожарникарите, велат од ЦУК и посочуваат дека имаат контакти од лица кои отстрануваат змии, но услугата се наплаќа. Директорот на ЦУК во телевизиско гостување укажа дека на голем број површини во градовите, тревата е висока и густа и дека е можно да има змии.
Нема специјализирана служба за заловување на змии. Претходно граѓаните се лутеа кога дежурните на бројот 112 немаа никакви информации за тоа кој отстранува змии, а сега, кога дежурните најдоа контакти од лица кои се бават со тоа, повторно се лутат затоа што таквата услува не е бесплатна“, велат од ЦУК и додаваат дека не може пожарникарите да се повикуваат за секаква работа, особено не за ваква специфична и тоа во сезона на пожари.

<

„Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализираните институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните“, велат од ЦУК.

Инаку, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во гостување на Канал 5, изјави дека проблемот со множењето ма змии во градски средини се должи и на неодржување на зелените површини

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...