15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаИ покрај што заработува милиони, Елмас летово го поминува во слаткарницата на...

И покрај што заработува милиони, Елмас летово го поминува во слаткарницата на неговиот татко во Скопје, продаваќи сладолед.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека најголем дел од најдобрите европски фудбалери беа или се уште се дел од Европското првенство (ЕП) во Германија, нашиот најдобар фудбалер, Елиф Елмас, без разлика што Македонија не учествува на овој собир има работни обврски, но малку поинакви од останатите негови колеги.

<

Ова на своите читатели им го презентира германски „Билд“, кој направи специјална репортажа за македонскиот фудбалер и за неговите „обврски“ поврзани со бизнисот по кој неговото семејство е познато во Скопје. Весникот открива дека Елмас деновиве ги минува помагајќи му на својот татко во семејната слаткарница „Мандарина“, која се наоѓа во скопската населба Автокоманда.

„Уживам кога сум во татковината, макар и на кус период. Тука се опуштам и ја разбиструвам главата. Голем удел во сето ова има фактот што деновите ги минувам помагајќи му на мојот татко во слаткарницата. Таму не мислам на ништо друго и навистина уживам во времето поминато со него“, вели Елмас.

Според германскиот медиум, Елмас тајните на слаткарскиот занает ги научил многу пред да ја почне својата професионална кариера, која се вивна откако челниците на Фенербахче лично дојдоа во Скопје да го убедат да се пресели во Истанбул во 2017 година. Потоа се пресели во Наполи, а оттаму лани направи трансфер во Лајпциг и тоа за сума од 24 милиони евра. Тој открива дека и покрај обврските во слаткарницата, не пропушта секој ден да истренира напорно.
„Секој ден вежбам, постојано давам се од себе за да можам сто отстотно да бидам подготвен за стартот на подготовките на Лајпциг“, дополни македонскиот репрезентативец.

Обврските на Елмас во „Мандарина“, за жал на купувачите кои уживаа во дружењето со големата фудбалска ѕвезда, ќе завршат утре, со оглед што веќе в понеделник треба да се врати во Германија каде што почнува со тренинзи. Негова цел е да го искористи фактот што најголем дел од соиграчите во средниот ред имаат обврски на ЕП па подоцна ќе почнат со тренинзи, што ќе биде негова шанса за наметнување на стручниот штаб

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...