27.9 C
Ohrid
четврток, август 7, 2025
ПочетнаМакедонијаПрилепчанец се обидел да прошверцова 63 јагниња во Албанија

Прилепчанец се обидел да прошверцова 63 јагниња во Албанија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство спречија шверц на 63 јагниња, кои требало да се извезат во Албанија, а биле одгледувани близу Прилеп.
Во координирана акција, возилото со кое се транспортирале јагнињата е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од инспектори на АХВ е утврдено дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните. Согласно дадената изјава на транспортерот, животните се со потекло од населено место во Прилеп, наведува АХВ.

<

Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Против транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Струшката полиција во угостителски објект во с.Велешта, пронајде 6 девојки од Албанија.

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, полициското одделение во селото Велешта и од Регионален...

Раде Штекли имал халуцинации, му се причинило дека го следи Албанската мафија??!

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир...

Казнети 46 возачи на електрични тротинети

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи...

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...