21.9 C
Ohrid
четврток, септември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаНајмлад учесник на Кичевската коњаница годинава e Ана Марија Андреска

Најмлад учесник на Кичевската коњаница годинава e Ана Марија Андреска

Таа има само 14 години, а срце како полнолетна девојка. Тоа е Ана Марија Андреска од селото Острилци, Демирхисарско, најмладиот член на Кичевската коњаница, која учествува на годинашниот Илинденски марш. Таа не се чувствува нималку инфериорно како припадничка на понежниот пол што е дел од оваа коњаница, каде што доминантно е присуството на машките членови.
Пресреќна сум што и годинава учествувам во Кичевската коњаница. Љубовта кон коњите ја стекнав уште од најмали години, бидејќи нашето семејство отсекогаш поседуваше барем еден коњ, кој ни служеше за обработка на земјоделските површини и за снабдување со дрва. Годинава ми е уште полесно што сум дел од Кичевската коњаница, бидејќи огненото крштевање го имав минатата година, кога за првпат бев учесничка на Кичевската коњаница. Воопшто не бев во дилема дали да се качам на коњот за да ги изодам неопходните 160 километри за да стигнам во славно Крушево за Илинден. За релаксираното учество во коњаницата годинава значително ми помогна и присуството на исто така младите девојки Викторија од Кичево и Андреа од Гостивар – вели Ана Марија.

Таа потсети дека, како и ланската година, очекува и годинава да има големо разбирање и добра соработка со припадниците на посилниот пол од Кичевската коњаница, во која би сака да учествува и в година.

извор: Нова Македонија

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Илија Андонов Ченто, син на Методија Андонов Ченто

На 92 години почина Илија Андонов- Ченто, син на Методија Андонов- Ченто и министер во првата Влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување. Илија Андонов...

На нива во општина Врапчиште експлодирала рачна бомба, едно лице повредено

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива...

Ученици останаа без превоз, ЈСП нема пари за регистрација и ја исклучи линијата со број 33

Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучи приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина...

121 година на Аргир Маринчев и неговите востаници,Традиционален марш до вечниот дом

Стојанов и други кои не можеле да се спротистават на 3000 турски аскер во одмазничкиот налет предводени од Бахтијард-паша. Масакрот траел 15 часа а...