23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаЗапишани 500 првачиња помалку од лани

Запишани 500 првачиња помалку од лани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за образование и наука во следните три години ќе изгради нови 28 училишни спортски сали во Македонија, во различни општини. Согласно планот, се предвидува активностите да започнат во 2025 година и до крај на 2027 да ги завршиме сите објекти, за што, според пресметките ќе биде потребен буџет од околу 560 милиони денари.

<

Ова вчера го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска за време на увидот во градежните активности за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, каде беше заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Кога се работи за најмладите, ставот на Владата е јасен, поддршката е безрезервна и се водиме по нивните најдобри интереси. Затоа што само така можеме да им создаваме подобри услови за образование и живеење во Македонија, посилно чувство на припадност во општеството и мотив да останат и понатаму да помогнат во развојот на државата“, рече Јаневска, додавајќи дека мора сериозно да се работи на сите полиња, за да се стопира процесот на иселување на младите.

„Податоците се поразителни. Во месец мај во училиштата се запишале 17.200 првачиња, или за 500тини помалку од лани. Државата не може да има иднина, ако овој тренд продолжи. Ќе се потрудиме да ги промениме состојбите, да ги задржиме нашите граѓани да останат тука и да бидат задоволни од условите за образование, за работа и живеење“, рече министерката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...