16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСкулпторот Жарко Башески со „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ во Охрид

Скулпторот Жарко Башески со „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новата изложбена поставка на скулпторот Жарко Башески насловена „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ вечерва ќе биде отворена во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ на МАНУ во Охрид.

<

Изложбата, што ќе трае до 27 август, вклучува десетина, веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик.

Станува збор за идеја развивана заедно со амбасадорот Јордан Плевнеш, авторот на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата.

-Проектот „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура „Ordinary Man“ на Башески, но овојпат во поинаков материјал. Изборот на материјали за изградба на овој проект, како и конкретната форма на „Ordinary man“, тесно се поврзува со концептот на авторот, се посочува кон изложбата.

Концептуалниот проект „осмо светско чудо“ како идеја предвидува поставување огромна бронзена скулптура на планината Галичица, на местото од каде се гледаат двете езера – Охридското и Преспанското.

Дома

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...