27.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаУште една лага на градоначалниците: Скопје остана без гробишта за миленици, животните...

Уште една лага на градоначалниците: Скопје остана без гробишта за миленици, животните се закопуваат по дворови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, уште пред пет месеци влезе во собраниска процедура. Требаше да се носи по скратена постапка, но досега тоа не се случи. Со него, меѓу другото, за првпат се предвидуваат гробишта за миленици.

<

Никој во државата досега не го реши проблемот со кој се соочуваат илјадници граѓани што чуваат домашни миленици, што да прават, каде што да го однесат и закопаат миленикот откако ќе почине. Проблемот е веројатно најголем во Скопје каде што има и најмногу жители, тргнувајќи од фактот дека речиси секое трето семејство чува куче или маче.

Двајца градоначалници во своите предизборни програми, Петре Шилегов и Данела Арсовска ветуваа дека ќе обезбедат простор за т.н. гробишта за миленици, но во мандатот на Шилегов тоа не се случи, а актуелната градоначалничка ветувањето не го спомнува повеќе, дури не ни одговара дали воопшто размислува за такво нешто.

Па, така, во недостиг на соодветен простор, како што има во повеќе европски и земји од регионот, скопјани се принудени своите умрени миленици да ги закопуваат по дворови, на Водно, на кејот и на други законски недозволени места.
Слободен Печат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...