25.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаТаксистот одбил да им земе пари кога му кажале дека се тука...

Таксистот одбил да им земе пари кога му кажале дека се тука за пожарите во Македонија: Кипарскиот тим си замина со позитивни чувства

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Македонија си заминавме со позитивни чувства, имавме одлична соработка, драго ни е што помогнавме и бевме корисни за луѓето, истакна Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите кај нас, а паралелно изрази надеж дека создадената позитивна атмосфера ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

<

Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија во Македонија.

Говорејќи за кипарската новинска агенција КИПЕ и пренесувајќи ги впечатоците од искуството на пожарникарите од Кипар на различните локации во нашата земја, Антониу оцени дека „климатските промени ја најдоа Македонија неподготвена да се справи со избувнувањето на пожари“, но и дека помошта од Кипар била позитивно примена.

Почувствувавме дека го ценат нашиот труд. Драго ни е што помогнавме, драго ни е што бевме корисни за луѓето, потенцираше Антониу, изразувајќи надеж дека мисијата и создадената позитивна атмосфера ќе придонесат за подобрување на односите меѓу Кипар и Македонија.

Истакна дека фактот што „сретнавме луѓе кои незамисливо го ценат нашиот придонес“ предизвика задоволство и ја охрабри кипарската мисија, а како пример за добриот прием кај нас, ја спомена случката со таксист кој ги превезувал членови на кипарскиот тим и кога тие му кажале дека во Македонија се за да ги изгаснат пожарите, тој одбил да им земе пари.

На посочувањето од кипарската новинска агенција дека „придонесот на Република Кипар во гаснењето на пожарите беше опширно презентиран од медиумите“, Антониу спомена и дека на половина од операцијата на кипарската мисија, членовите ги посети министерот за внатрешни работи, додека по завршувањето и пред заминувањето, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, се сретна со делегацијата и им додели почесни дипломи на членовите за нивниот придонес во напорите за справување со пожарите.

Антониу појасни дека мисијата тргнала во две фази, бидејќи првично заминале двата авиони, едниот, поради недостиг на простор, ја носел опремата за поддршка, а другиот заминал со пилотот и еден кабински екипаж, додека во втората фаза заминале преостанатите шест членови, кои патувале со комерцијални летови преку Атина и Загреб и потоа пристигнале во Скопје

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...