15.5 C
Ohrid
вторник, октомври 15, 2024
ПочетнаМакедонијаСефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!!

По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид го претстави својот најнов изум – хуманоиден робот чија професија е диск-џокеј. Токму на полноќ, кога Македонија прослави 33 години независност, се роди Алшар, робот во изглед и природни димензии на човек, кој со помош на вештачка интелигенција може автономно да создава уникатни музички дела. Алшар има за цел да не воведе во новата ера, а воедно да понуди конзервација на македонската уметност и културно наследство, при што со помош на современите парадигми на машинско учење ќе може да креира авторка музика, како и да преработува стари дела во нови жанрови и стилови прифатливи за новите генерации. Името е инспириано од македонскиот рудник, каде за прв пат во светот е откријан минералот Лорандит. Токму така, „Лорандит” се вика и композицијата со која се претстави Алшар, креирана целисно со помош на вештачка интелигенција на Суперкомпјутерот на Nvidia – DGX, кој Сефиданис ексклузивно го поседува во регионот. Покрај траката „Лорандит” која е прогресивно техно, а сокрива стихови од песната „Заветна” во изведба на Бојана Скендеровски, Алшар избра да пушта и дела од современата електронска македонска музика, меѓу кои и „Ајде да летаме” на мултимедијалната група PMG.

Иновативното решение е синергија на неколку технологии со отворен и затворен код. За логичкиот дел користи Tensorflow работна околина со модел на Мета и библиотеки за генеративна вештачка интелигенција, која комбинира парадигми на надгледувано и ненадгледувано машинско учење. Што значи, Алшар ќе може да ги предвидува нашите очекувања и идни сензибилитети во однос на музиката со цел да го подигне нивото на забавниот ноќен живот и да понуди ново, футуристичко корисничко искуство. Мехатрониката е базирана на Arduino и RaspberryPi, две широкодостапни технологии. Торзото, главата и рацете се изработени според урнекот Inmoov на францускиот скуптор Гаел Лангевин, додека крилјата ги изработи македонскиот дизајнер Зоран Кардула

Облеката на Алшар е воедно и првата македонска колекција „За луѓе и роботи”, дело на дипломираниот моден дизајнер Ана Митреска. На севкупниот проект работеа повеќе професионални од својата област, меѓу кои: Шабан Брзев, Марјан Јано, Влатко Домазетоски, Михаил Ангелески, Нубира Ајдиноска, Давид Трајкоски, Амир Ајдиноски, Александра Коровеш, Азра Демиши, Драган Георгиевски, Хадис Абуш, Meri Makeup, Саше Митаноски и тимот на Superradio, студенти од УИНТ Св Апостол Павле, ученици од Гимназијата Св. Климент Охридски, како и меѓународни студенти прелу програмата Еразмус+ од Франција, Малта, Украина, Латвија, Романија, Полска и други.

Идејата за првиот меѓународен диџеј робот на професорот Анис Сефиданис, кој предава на Факултетот за машинска интелигенција и роботика е основач на друштвото за истражување и развој Сефиданис, и кој го водеше проектот од негово конципирање до финална реализација.

„Алшар” е само уште еден во серијата паметни системи на Сефиданис од областа на дигиталната хуманост, кој претходно го претсави „Паметниот споменик на Прличев” и „Споменикот на иднината”

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По 25 години во Сител, Ивона Талевска почнува со работа во Алфа Тв.

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител. „Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со...

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...