21.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаДокторка од Гевгелија – 7 години работела со фалсификат диплома !!!

Докторка од Гевгелија – 7 години работела со фалсификат диплома !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Докторке!“. Вака ѝ се обраќале и колегите и болните во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, каде таа облечена во белиот мантил, во своите раце го држела здравјето и животот на пациентите во ковид пандемијата.

<

Болницата ѝ исплаќала плата за општ лекар и надоместок за одвоен живот. Но, во сето тоа навидум вообичаено секојдневие, имало еден огромен проблем: таа немала завршено Медицински факултет, туку била вработена како „доктор“ за фалсификати. Ова е приказната за А.А. (име и презиме познато на редакцијата) која од 2016 година е вработена во гевгелиската болница на работното место доктор на медицина, без да има лиценца од Лекарската комора ниту пак завршен Медицински факултет.

„Слободен печат“ истражуваше и ја обезбеди севкупната документација за овој вознемирувачки случај, кој ги разголува аномалиите на системот што потфрла и стрмоглаво тоне. Како краен резултат на тоа системско распаѓање, проневерени се над 120 илјади евра и изиграна е довербата на пациентите.

Вработена во болницата во Гевгелија без лиценца од Лекарската комора.
Во папката со документите за вработената А.А. во болницата во Гевгелија, не може да се најде високо-квалитетниот фалсификат на уверението за дипломирање на Медицинскиот факултет во Скопје, приложен во 2016 година. Таа папка денеска е испразнета. Ги нема ни фалсификуваните и измислени оценки од ова уверение. Го нема ни уверението за наводно положен стручен испит пред комисијата на Лекарската комора со кој оваа девојка навистина би станала докторка во 2016 година, како што сакала да мислат другите.

Но, тие неверодостојни документи постојат на други места, во архиви на други институции и од таму ги добивме, од укажувачи. Целиот сет лажни документи дека е наводен дипломиран доктор по медицина, во 2016 година на A.A. ѝ донел бројни „поволности“ – вработување во болницата во Гевгелија како лекар (иако во тоа време била само студент по медицина), докторска плата, а Управниот одбор дури и решил да ѝ ја даде можноста за која многу вистински дипломирани лекари може само да сонуваат – државна специјализација по анестезиологија и интензивно лекување. Една од најодговорните, најризичните, најтешките и најдефицитарните гранки во државното здравство, со која се успиваат пациентите пред операција или „ѝ се помага на судбината“ за тие да се разбудат од неа.
Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...