19.5 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаДвајца фудбалери на ФК Славеј физички нападнати за време на натпреварот со...

Двајца фудбалери на ФК Славеј физички нападнати за време на натпреварот со Велешта Унитед!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес започна новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а во рамки на првото коло се соочија новите третолигаши Велешта Унитед и Славеј од Мешеишта, меч кој заврши со вкупно девет гола за 5:4 за екипата на Велешта.

<

Меѓутоа, по завршувањето на натпреварот екипата на ФК Славеј Мешеишта излезе со соопштение во кое се вели дека нивни двајца фудбалери биле физички нападнати за време на натпреварот.
Денеска во воведниот натпревар од 3МФЛ Југозапад отпатувавме да се соочиме со Велешта Јунајтед. Она што требаше да биде фер натпревар на теренот брзо се претвори во срамна епизода која лошо се одразува на интегритетот на играта што сите ја посакуваме. На полувреме влеговме со заслужено водство од 0-2, но пред да започне вториот дел, помошникот судија ни упати вознемирувачко предупредување: „Кажете им на вашите играчи да не фаќаат офсајд, нема да кревам. ” Од тој момент беше очигледно дека мечот повеќе нема да го решава само фудбалот. И покрај нефудбалските фаули кои ги направија играчите на Велешта кои беа грубо игнорирани од судијата Танчевски Горан, ние возвративме на водство од 2-4. Во овој момент стана јасно дека овој натпревар нема да заврши доколку домашните не го добијат посакуваниот исход. Двајца наши играчи беа физички нападнати за време на натпреварот – еден легнат повреден на земја беше повеќепати удиран со клоци, додека друг, обидувајќи се да го одбрани својот соиграч, доби тупаници по главата. Насилството на теренот беше шокантно, но сепак не беше доволно да се преземе акција од страна на судиската тројка за да се реши тоа. Сега мораме да поставиме сериозно прашање до ОФС Охрид: За кого се игра фудбал во оваа држава и кога ќе се стави крај на ваквото однесување? Ова не е фудбалот за кој се залагаме. Повикуваме на итно јавно објавување на сите видео снимки кои ги покажуваат насилните дејствија извршени врз нашите играчи. Вистината мора да излези на виделина“, се вели во соопштението на ФК Славеј од Мешеишта.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...