32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаУгина мечка во ЗОО Битола ‼️…

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️…

<

Скандал по скандал, ја следат Зоолошката градина во Битола. Животните кои со децении се чуваат како затвореници, во крајно нехумани услови, во мали кафези, без потребната нега, умираат едно по едно, а зоолошката продолжува да зема нови животни ‼️

Пред неколку дена, угина мечката која живееше 40 години во битолската зоолошка, живееше во 10 квадрати кафез, со базен кој никогаш не видел вода, угина мечето кое се радуваше кога некој ќе му посветеше внимание, кое се радуваше кога ќе беше прскано со црево вода … Угина во заробеништво, во измачување, сама, остана само празниот кафез кој секогаш ќе говори за измачувањето на мечето… Дали ветеринар извршил преглед, дали ветеринар пробал да ја спаси, дали умрела од старост или од нешто друго Се е непознато, бидеќи Зоолошка Градина Битола која што е официјална страна, нема излезено со објава за угинатото животно, јавноста не е информирана ‼️

Целата работа во зоолошката, ја извршуваат неколку вработени, кои конец со конец врзуваат за да се справат со сите животни, зоолошката нема доволно негуватели, нема ветеринар кој постојано е во зоолошката, кафезите се премали, животните живеат во фекалии, се мачат се додека не умрат, дали од старост, или од болести кои ги фаќаат како резултат на нехигиенски живеалишта ‼️

Моментално, зоолошката ја красат неколку празни кафези, кои некогаш беа полни, и говорат за измачениот живот на животните кои биле заробени таму, но сигурен сум дека наскоро повторно ќе се наполнат, и како традиција повторно ќе умираат животни во истите ‼️

Утре ќе биде испратено барање од јавен карактер, да видиме колку животни угинале во изминатите години, каков третман добиле истите од страна на ветеринарна грижа пред да угинат, колку животни има зоолошката итн…

Министерство за култура / Ministria e Kulturës Општина Битола – официјална страница Министерство за локална самоуправа Тони Коњановски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...