19.2 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да прими протестна дипломатска нота за петочната непријатна ситуација – отсуството на македонско знаме при ракувањето меѓу претседателите на Бугарија и на Северна Македонија во Софија.

<

На Жељазко Радуков му е врачена нота за, како што го нарекуваат во македонското МНР, пропуст на официјалниот бугарски протокол, кој и покрај претходниот договор меѓу двете страни, дозволил фотографирање и при ракувањето меѓу Гордана Сиљановска-Давкова и Румне Радев пред само бугарското знаме. Утврдено било дека фотографии ќе има само од средбата во работните простории на бугарскиот претседател, нешто што, според МНР, не било испочитувано.

Зошто не се реагирало веднаш, во петокот, кога беше средбата, туку денеска, по бурната реакција на јавоста. „Сакавме да покажеме обзир за ситуацијата зашто неколку часа пред состанокот се урна бугарски воен авион при што загинаа двајцата пилоти“, велат од македонската дипломатија. Она што сега МНР го очекува е извинување од Софија.

Премиерот смета дека чинот не е само обичен пропуст.

„Во минатото се понижуваше македонското достоинство, се виткаше кичма, сега се решаваат работите на ваков начин-дипломатски, со праќање протестна нота и ќе нема надворешна политика со свиткана кичма. Кога ќе се помине црвената линија треба да се реагира. Но, она што е поважно е што Европа и светот можеа, на отворена сцена, да видат кои се намерите на водството во Софија – а тоа не се Бугарите во уставот, тоа е најмалиот проблем. Многу поголема е потребата е да покажат мускули и своите вистински намери“, рече Мицкоски.

„Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...