27.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВелешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот дом.

<

Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на мајката и нејзиното дете, а за „Фокус“ Марјанчо појаснува зошто го пријавил заминувањето на возрасната ќерка во полиција.

Загрижен сум затоа што не знам каде се, со неа е внуката која има само две години. Теодора е среде бракоразводна постапка, сопругот и е во притвор и таа две години живееше со нас, има кат во куќата за неа и за внуката.

Дента кога таа замина, имавме расправија дома, и знам дека заминала во полиција. И било кажано дека со неа ќе разговара социјален работник, но мислам дека се исплашила да не и го земат детето, и затоа заминала.

Потоа дознавме дека отишла на автобуската станица, и со автобус заминала во Струмица. Ние во Струмица никого не познаваме, ниту пак имаме пријатели кај кои би можела да оди. Замолувам ако некој ја видел, веднаш да ме побара на телефон – вели таткото на Теодора.

Додава дека ќерка му две години немала мобилен телефон, со себе не зела пасош, туку само картичката на која и пристигала социјалната помош.

– Таа нема доволно средства за може да опстане со детето, помошта која ја добиваше изнесува околу осум илјади денари. Со тие пари не може да се грижи за детето, овде кај нас имаа се што им треба. Апелирам ако го прочита ова, да ми се јави и да се врати, или пак ако некој ја забележи веднаш да ме побара на 078 409 579, порача велешанецот.

Вики Клинчарова FOKUS

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...