29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЕдна пекарница крадела струја колку за едно село !!!

Една пекарница крадела струја колку за едно село !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

КОД: ЕВН фати познати угостители во кражби на струја – една пекарница
крадела струја колку за едно село

<

Околу 600 корисници краделе струја преку манипулација на броило кое ја
замрзнува потрошувачката. Најголемиот дел од нив се познати хотели,
кафулиња, кафеани, пекарници од Скопје и од земјата, лоцирани во Дебар мало,
на улица Македонија, во Лептокарија во Скопје, на Широк сокак во Битола и на
други атрактивни локации низ Македонија.

Кражбите на струја биле евидентирани од страна на системот на ЕВН кој веднаш реагира на отстапки во потрошувачката, по што екипите на ЕВН прават контроли на терен.

Во една пекарница утврдено е дека се украло струја во количество на просечна
потрошувачка на едно село. Со овој вид на манипулација на броилата, тие не
само што не евидентираат потрошувачка, туку и ја враќаат струјата назад.

Екипите на ЕВН излегле на терен и во еден ден на една локација извадиле 10
броила кои покажале големи грешки и фреквенции многу повисоки од
вообичаеното.

За сите сторители на кражби на струја ЕВН поднел кривични пријави до Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека пријавите се примени и по нив се постапува.

Кражбата на струја е кривично дело и предвидена е казна затвор од 5 години и парична
казна за компаниите од 1.500 до 15.000 евра. Годишно се евидентираат околу
350 случаи на кражби на струја.

Повеќе во емисијата КОД на Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајдено телото на Бугарскиот нуркач кој исчезна во водите на Охридското Езеро

Безживотното тело, пронајдено попладнево во близина на селото Трпејца, е на нуркач кој претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро. Според очевидци, лицето...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...