31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина 31-годишна родилка од Куманово, починала при породување на Одделението за гинекологија...

Почина 31-годишна родилка од Куманово, починала при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Триесет и едногодишна родилка од Куманово синоќа починала при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово.

<

Жената, која била во деветтиот месец од бременоста, завчера дошла во болницата откако ѝ почнало породувањето, но вчера попладне состојбата нагло ѝ се влошила и ненадејно починала. Ова ѝ била втора бременост.

„Родилката е примена со прснат водењак, отпочнато породување и слаби контракции. До вчера се чекало да се добијат спонтани контракции и по природен пат да продолжи породувањето. Откако тоа не се случило, отпочнати биле стимулации, нагло ѝ престанала срцевата работа, немала притисок, викнат бил анестезиолог за реанимација, но без резултати. Веднаш е однесена во операциона сала за да се извади плодот. Бебето е живо и итно е однесено на Детската клиника во Скопје“, изјави д-р Стефан Трајановски, директорот на Кумановската болница.

Тој го пријавил случајот во полиција и обвинителството, по што е направен увид на самото место. Телото на родилката е предадено на обдукција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...