15.4 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМухамед Максуд остатоткот од собраните средства ги донира за лекување на друго...

Мухамед Максуд остатоткот од собраните средства ги донира за лекување на друго дете

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Младиот Охриѓанец Мухамед Максуд Муки, откако собра повеќе од потребните донации за неговиот медицински зафат, остатокот од собраните средства ги донираше за лекување на друго дете.

<

За момчето се објави апел за собирање на донации за скапата интервенција на платформата E-Crowd, а набргу потоа се огласи д-р Ненад Лазаров од оваа хумана заедница, со убави вести.

Имено, Мухамед ги собрал потребните средства за трансплантацијата, па дури и повеќе пари од потребната сума од разни хуманитарни канали, а остатокот од финансиите решил да ги редонира за Јована Ѓорѓиева (10), која боледува од ретката болест WEST Syndrome.

За Јована, исто така е објавен апел за донации на платформата E-Crowd, а се собираат средства со цел да се купи лифт за скали, односно мобилна скалишна столица. Со лифтот ќе му се олесни секојдневите на девојчето, но и на родителите, кои постојано на раце го носат по скалите, бидејќи мобилноста му е отежната.

Со својот гест Мухамед покажа дека солидарноста нема граници, но исто така им даде пример и на останатите лица кои се нашле во слична состојба, лекувањето да им зависи од хуманоста на народот, да ја покажат својата големина, и доколку соберат повеќе средства од потребните, да ги редонираат. /fokus.mk

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...