28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот...

Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

16 октомври
Eng
Shq
Република
119history
Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви
Македонија
16.10.2024 / 20:43
Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви
Камиони со струмички таблички преполни со шверц на брендирана роба и скапи делови за коли секоја среда и петок се истоваарат на пазарот во Шутка, пред камерата на Алфа открива поранешниот полицаец Никола Бучков.

<

Тој е еден од групата полицајци што во ноември 2020 стопираа сомнителен камион со струмички таблички за којшто не постоле документи од царина, но како што вели, под притисок на претпоставените, шоферот не бил задржан во станица и пуштен да си тера со камионот.

Бучков тврди дека во моментот кога го проверувале камионот ги провериле и регистерските таблички и тие се воделе на фирма регистрирана на кумот на Вице Заев.

Оваа изјава е дадена пред неколку месеци, но поради активна истрага на МВР, дури сега ја објавуваме. МВР веќе спроведе акција во која според последните информации уапсени се 35 цариници од Струмица и Гевгелија. Пред четири години во Шуто Оризари, Бучков заедно со полициската група по забележување на камионот инсистирале да го проверат шоферот и документацијата од царина. Веднаш по нивното пријавување, следувале притисоци од претпоставените, сведочи Бучков, пренесе Алфа.

Бучков бил даден на дисциплинска постапка бидејќи, според претпоставените, од полициска станица Шутка незаконски го проверувал струмичкиот камион. Исто така тој сведочи дека поради одмазда, МВР му мести ситуација дека не дозволил постапување на полициски службеници на улица, а лично министерот Спасовски му потпишал отказ. Добил клоци и тупаници од колегите од крим техника кои според него не може случајно да се нашле на лице место на улица во Струмица.

Бучков е убеден дека тогашната власт го штитела криминалот на кумот на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, а тој случајно го затекнал камионот, па поминал пекол и агонија што му ја направиле, како што тврди, неговите шефови.

Инаку, БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство пред еден месец влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, двојни плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...