1.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаТука го фрлија маленкото“, Влатко Кешишев ги однел полицајците до телото на...

Тука го фрлија маленкото“, Влатко Кешишев ги однел полицајците до телото на Вања, но се плашел да не биде и тој убиен од Палчо.

spot_img

Влатко Кешишев го уапсивме во просториите на политичката партија Десна со уште други две лица. Беше чуден сплет на околности. Во текот на самиот разговор тогаш почна да збори лоши работи за првоосомничениот Палчо. Со мене сакаше само да зборува, не со колегите. И во еден момент рече дека ќе ме однесе некаде за да ми покаже нешто. Бараше да бидеме сами. Имаше доверба во мене, се плашеше од другите. Тогаш рече дека се плаши од другите колеги, рече „ако дознае Палчо ќе ме убие“, рече помошник началникот при СВР Скопје за криминалистички работи Музафер Каришиќ, кој бил вклучен во потрагата на сторителите за случајот со убиствата на Вања и Панче на денешното рочиште во Кривичен суд.

<

„Тргнавме со други екипи. Отидовме до запаленото возило, ние го знаевме тоа, бидејќи службите беа таму. Таму имавме разговор кој пак го правеше само со мене и тогаш беа тие моменти кога сакаше, па се премислуваше да каже нешто, за да во еден момент рече: „Ајде ќе ве однесам, има едно црно патче“. Тоа беше од спротива кон црквата. Се качивме 200-300 метри и рече да искочиме, тоа беше широк огромен простор. Имаше чудна комуникација, сакаше да каже нешто, па пак рече „не можам, не можам, не можам“. Немавме претстава, што се случува. И едно време рече „ајде“. Цело време беше со мене, не се одвојуваше. Тогаш јас го прашував „каде е, каде е?“ Но, не дефинирав што, бидејќи не знаеш ниту што сака да покаже. Тогаш со глава посочи, не сакаше ниту со рака да покаже. Видовме перници, и тогаш морав да ги информирам колегите тоа беше страшна глетка. Во тие моменти инсистиравме да каже, кажа дека стоел подалеку, но рече дека мисли дека е тука. Ме фати за рака и ми рече дека тука е девојчето кое е грабнато. И почна сам да копа, се виде носот, веѓата и дел од ногата. Тогаш го спомена Палчо, рече дека ја земале и тука фрлиле. Но, тоа беа минути. И тогаш кажа дека Палчо пукал во неа, и повторуваше цело време дека тој бил на страна.“, рече Каришиќ.

Обвинителството потоа како ги поврзале случаите, по што Каришиќ кажа:

„Ни стана јасно, бидејќи цитроенот беше на исчезнатиот Панче. Кешишев ни кажа дека во возилото бил Боре, каратист од Велес, и нѝ кажа како да го обезбедиме“.

Каришиќ претходно кажа дека пријател на таткото на Вања по име Гоце имал претходно снимка од возилото на Панче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...