15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаUncategorized @mkМицкоски од Салзбург: Ако Преспанскиот Договор беше ремек дело на европската дипломатија,...

Мицкоски од Салзбург: Ако Преспанскиот Договор беше ремек дело на европската дипломатија, тогаш да го пресликаме во врска со Бугарија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Преспанскиот договор е брилијантно ремек – дело, кое треба да се преслика за решение со Бугарија. Ваква порака испрати премиерот Мицкоски од Салцбург, Австрија, за време на неговото обраќање на 20тиот Европски Самит.

<

На панел посветен на иднината и реформите на Европската Унија, Мицкоски порача дека спорот со официјална Софија е наметнат, додека суштината е тврдењето на Бугарија дека македонската нација е создадена 1945та како производ на комунистичката коминтерна, а Македонците претходно биле Бугари.

– Ако Преспанскиот Договор беше ремек дело на европската дипломатија, нешто што е брилијантно. Тогаш зошто да не го реплицираме ова ремек-дело за изнаоѓање решение, конечно, пристојно, долготрајно, одржливо решение кое ќе обезбеди решение за овој вештачки спор? Ова не е спор со корени, ова е спор кој што е вештачки спор. – Христијан Мицкоски премиер.

Порача дека Бугарија не ги почитува 14те пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците и дека со тоа покажува отсуство на волја за приближување на работите во позитивна насока.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...