30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЈавноста повторно загрозена: Договорот на физиотерапевтот Димче Димоски не бил прекинат...

Јавноста повторно загрозена: Договорот на физиотерапевтот Димче Димоски не бил прекинат туку истечен, директорот Зиба вели се било законски !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на Специјалната болница за нефрологија во Струга, д-р Јетмир Зиба, за случајот со Димче Димоски, стипендист на државата како дефицитарен кадар кој 19 години работел како физиотерапевт со договор на дело и остана без работа, вели дека сѐ е законски оти договорот бил истечен. За новите вработени тројца надворешни физиотерапевти вели дека имале искуство иако законот не предвидувал при ангажирање на надворешни лица искуството да се земе предвид.

<

Договорот не му е прекинат, договорот му е истечен. Искуството не е дел од условите за продолжување на договорите, како и за склучување на нови договори на дело. Лицата кои се ангажирани исто така имаат искуство, едната од нив има работено токму во оваа болница“, кажа директорот Зиба во телефонска изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК

Во струшка Нефрологија моментално има 25 вработени со договор на дело, а над 2.500 лица со години работат во здравството чекајќи трајно вработување. Димоски како дипломиран физиотерапевт, од 2005 до 2014 бил ангажиран со договор на дело во болницата „Св. Еразмо“, неколку години потоа работел приватно, а последните две години бил ангажиран во Заводот за нефрологија во Струга.

Министерот за здравство Арбен Таравари вети дека ќе се заложи до крајот на годината решенија за трајно вработување да добијат лицата кои со години работат со договор на дело.

„Проблемот со договорците, не е проблем во една клиника или една болница, туку генерално во сите јавни здравствени установи во државата. Ми треба дефинитивна координација со министерката за финансии, ќе направам сè што можам барем на половина да им дадеме решение и да можеме повторно да примиме нови договорци и недостатокот да го покриеме“, кажа Таравари во отчетот за 100 дена Влада.

Неодамна, и Независниот синдикат на здравствени работници побара при вработување во здравствениот сектор, предност да имаат тие кои со години работат со договор на дело.

С. ВРЕНЦОВСКА СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...