6.2 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонец меѓу жртвите во Нови Сад: Вучиќ бара политичка и кривична одговорност

Македонец меѓу жртвите во Нови Сад: Вучиќ бара политичка и кривична одговорност

spot_img

Како претседател барам од обвинителството во Нови Сад, Владата на Србија, одговорните за тоа што се случи да бидат кривично гонети и строго казнети. Кога ја споменав Владата, барам и политичка и кривична одговорност“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по несреќата во Нови Сад.
Тој рече и дека особено виновни се оние кои ја дизајнирале и извеле.

„Одговорни се оние чија должност била инфраструктурата, железницата, сообраќајната инфраструктура“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ изјави дека настрешницата се срушила врз луѓето кои биле во близина и дека последните информации се дека загинале 14 лица.

„Сè уште немаме идентификувано пет од нив, осум се државјани на Србија, едно лице е од Северна Македонија. Во името на сите граѓани на Србија сакам да изразам сочувство до семејствата и вечерва е тешко да се зборува, тешко е да се каже нешто рационално. И во такви моменти мораме да најдеме сила да се обединиме, да им помогнеме на семејствата на жртвите и да направиме се што е во наша моќ да ја минимизираме штетата што е можно повеќе и да им помогнеме на луѓето“, рече тој.

Претседателот на Србија ги пофали спасувачите и рече дека успеале да ги покажат срцето и душата на луѓето во трагедијата.

„Цела Србија занеме во еден момент кога спасувачите успеале да извлечат млада жена, а лекарите веќе биле подготвени да и ја отсечат раката бидејќи била закопана со бетон, па успеале да ја извлечат со машини, кај спасувачите видов солзи радосници и тоа покажува колку беа големи“, истакна тој.

Медиумите потсетуваат дека четиринаесет лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Зоран Круљ, портпарол на итната помош во Нови Сад, изјави дека на еден млад човек му била ампутирана ногата.

„Во денешната трагедија на железничката станица во Нови Сад тешко се повредени 18-годишно момче и девојки на возраст од 21 и 23 години, а нивните животи се во опасност. На 18-годишен маж му е ампутирана ногата“, изјави Круљ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица.

Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани. Во сабота во цела Србија е прогласен ден на жалост, а во Нови Сад три дена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...