14.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаАли Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци...

Али Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова закана за масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот за употреба на јазиците. Ахмети изјави дека „ако се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе се кренат на нозе“.

<

Во соопштение од ДУИ, партијата објасни дека Ахмети ги уверил членовите дека нема да дозволи уништување на постигнатите права на Албанците. Тој на средба со поддржувачите во Шуто Оризари зборувал за обидите за укинување на албанскиот јазик и понижувањата што ги трпат Албанците.

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавите на Ахмети, наведувајќи дека ваквите повици предизвикуваат загриженост и создаваат нестабилност. Според него, Ахмети се обидува да врши притисок врз уставните судии, особено оние кои ги поддржувале ДУИ и СДСМ.

Ахмети претходно нагласуваше дека секој обид за измена на Законот за употреба на јазиците е контроверзен и штетен за напредокот и соработката меѓу заедниците, предупредувајќи на враќање во периоди на несигурност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...