17 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаБананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

Бананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Банана залепена со леплива лента за ѕид, провокативно уметничко дело на Маурицио Кателан, достигна цена од 6,2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во Њујорк.

<

Цената е четири пати повисока од проценетата.

Аукциска куќа вели дека сопственикот на кинеската фирма за криптовалути Џастин Сун понудил најмногу за да ја добие инсталацијата на италијански визуелен уметник наречена „Комичар“ во средата.

Залепената банана, сега можеби најскапото овошје некогаш продадено, била купена претходно во текот на денот за само 0,35 долари, пишува „Њујорк тајмс“.

„Комичар“ првпат беше претставен на јавноста во 2019 година, а веднаш стана вирална сензација и поттикна жестоки дебати за тоа што е уметност.

Инсталацијата која го обиколи светот доаѓа и со инструкции – како да ја замените бананата секогаш кога ќе изгние.

Всушност, овошјето се јадело не еднаш, туку двапати.

Еден студент по уметност од Јужна Кореја ја изеде бананата кога инсталацијата била изложена во Музејот на уметност во Сеул.

Музејот подоцна постави нова банана на истото место, објавија локалните медиуми.

Четири години претходно, уметникот го отстранил плодот од ѕидот, по што уметничкото дело било продадено за 120.000 долари во Арт Базел во Мајами.

Бананата беше брзо заменета и сепак ништо не беше направено.

Новиот купувач на уметност, Џастин Сун поседува бизнис кој олеснува некои трансакции со криптовалути.

Минатата година американската Комисија за хартии од вредност го обвини за измама, но тој ги отфрли обвиненијата.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...