24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавата му исплати 50 илјади евра на Ален Зекиров поради 27 април

Државата му исплати 50 илјади евра на Ален Зекиров поради 27 април

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ален Зекиров, некогашниот телохранител на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков го доби судскиот спор против Министерството за внатрешни работи за неговиот отказ, пишува Призма.

<

Граѓанскиот суд пресече, а Скопска апелација потврди дека отказот што го добил во 2018 година бил незаконски.

Граѓанскиот суд пресече, а Скопска апелација потврди дека отказот што го добил во 2018 година бил незаконски.

Според пресудата, на Зекиров му бил откажан договорот за вработување во 2018 година. Причината за отказот од МВР е што сторил потешка дисциплинска повреда со учество во собраниските настани од 27 април 2017.

„Влегол со толпа граѓани во Собранието на РСМ и не презел дејствија со цел на заштита на животот на полициските службеници, граѓаните и имотот, спротивно на член 13 од Законот за полиција“, пишува во пресудата.

Зекиров бил упорен во докажувањето дека отказот му е незаконски. Првин се обидел преку Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос да го поништи отказот и предметот повторно се нашол пред дисциплинската комисија. Таа повторно го потврдила отказот.

Незадоволен од ваквата одлука на МВР, тој во 2020 поднел тужба против решението на МВР. Граѓанскиот суд пресудил дека Зекиров е во право, а апелациските судиите лани во февруари ја потврдиле пресудата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...