1.9 C
Ohrid
сабота, февруари 22, 2025
ПочетнаМакедонијаЈаневска: Комитите се дел од историјата, УЧК и нејзините симболи „за оваа...

Јаневска: Комитите се дел од историјата, УЧК и нејзините симболи „за оваа држава не значат ништо“

spot_img

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека праќањето инспекција во училиштето „7 Март“ во тетовско Челопек е законско постапување и очекува и инспекторите да работат по закон. Соопшти дека покрај во ова училиште, каде што на приредба ученици се облечени во воена униформа со амблеми на УЧК и со пушки во рацете, МОН има докази и слики со пријави за вакви настани во две училишта во Тетово и во училишта во Чаир и Струга, и дека инспекција ќе има и за тие случаи.

<

– Просветниот инспекторат е тргнат во училиштето во Челопек. Дополнително, имавме пријави за училиште во Чаир, две училишта во Тетово и училиште во Струга. Во сите тие училишта за кои имаме докази со слики и со пријави дека се случувал таков немил настан, Просветниот инспекторат е на терен и очекуваме кога ќе се вратат да ги дадат првичните информации. За да се изготват записници ќе треба малку подолго време, изјави Јаневска за медиумите при денешната посета нa Штип.

Порача дека политиката најмалку треба да ја има во училиштата „во оваа заедничка држава која им припаѓа на сите нејзини граѓани“. Како што истакна, „ние треба заеднички да ја градиме, треба сите заеднички да чувствуваме и одговорност кон неа, и љубов кон неа, и да имаме идеи за нејзиниот просперитет“.

– Како Влада и јас како министер ќе делувам по закон, затоа е пратен ДПИ. Инспекторите имаат силна одговорност да работат по закон. Како ќе речат дека е по закон, така и ќе постапуваме. Ако тие не постапат по закон, ќе ги повикаме нив на одговорност, но не се сомневам во тоа. Сепак, ги чекаме да дојдат, изјави Јаневска.

Таа одговори на денешната реакција од Демократската унија за интеграција дека се води „антиалбанска политика“ и „двојни стандарди“ во образованието затоа што пред две години во Аеродром деца на приредба биле облечени како комити и „изведувале воени поздрави“.

– Ја разбирам политиката на ДУИ и дека грчевито се обидуваат да ја поткренат својата позиција во општеството, но начинот е крајно погрешен. Како политичка партија имаат право на преземање некакви акции, но никако преку децата и училиштата и никако со понижување на државните симболи и со воведување милитаризам во училиштата, порача министерката.

Посочи дека воспитувачката од градинката од Аеродром, која ја организирала таа приредба, била отпуштена работа и се уште е на суд, но и дека „комитите се дел од историјата на државата Македонија“ и како тема се застапени во наставните програми.

– Комити биле и Македонци, и Албанци, и Турци и други етникуми. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби се бореле во Втората светска војна против заеднички непријател. Ние тие луѓе треба да ги чествуваме, тие луѓе кои се бореле за слобода, за сопствена држава и за просперитетот на сопствената држава, истакна Јаневска.

Како што рече, војската УЧК и нејзините симболи „за оваа држава не значат ништо“ и дека децата во земјава треба „да растат во духот на патриотизмот, чествување на традицијата, почитување на различностите и на градење силни демократски вредности кои никого нема да повредуваат и нема да навредуваат ничии чувства“.

– Оттука, цврсто стојам на ставот дека овој случај, односно сега станаа повеќе, треба да се расчисти… Војската УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо. Во оваа држава, војната, конфликот, кој како сака нека го нарече, предизвика жртви на сите инволвирани страни. Сите мајки исто плачат, сите мајки исто жалат. Наместо да се потрудиме да го заборавиме тој конфликт, каков и да бил и од која причина да бил, и да ги образоваме децата, ние малите деца, тоа се мали деца од видеото што го гледавте, ги учиме на воинственост, на држење оружје, некакви позиции на стрелање, дополнително на нешто што не е поврзано со нашата историја, истакна Јаневска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ

Централната изборна комисија на СДСМ утврди дека Венко Филипче е единствениот кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори што ќе се одржат...

Мицкоски: Преку нашата земја, САД може да конкурираат на Кина

Премиерот Христијан Мицкоски, на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон зборуваше за важноста на стратешкото партнерство со САД, значењето на земјата во...

Полициски службеник случајно се застрелал со службениот пиштол додека извршувал вежби.

На 20.02.2025 во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник...

Почина Наце Ристов- Момчето кое ја обедини цела Македонија

Со длабока тага ја примивме веста за заминувањето на Наце Ристов, момчето кое со својата борба и дух ја обедини цела Македонија. Неговата сила,...