22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаИ со 450 евра минималец пак ќе бидеме на дното во регионот...

И со 450 евра минималец пак ќе бидеме на дното во регионот – 30.000 работници се под просечната плата од 41.000 денари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Околу 180.000 вработени во земјава земаат плата под 450 евра, или под 27.700 денари колку што бараат синдикалците да изнесува минималната плата. Дури 380.000 работници пак заработуваат под просечната плата од 41.500 денари. Ова го покажуваат официјалните податоци на УЈП за исплатени плати и придонеси, до септември годинава. Годинава паѓа и бројот на вработени за кои се исплаќаат плати преку МПИН на УЈП. Па, ако во јануари биле над 534.000 вработени, во септември нивниот број се намалил на околу 523.000.

<

Токму ова се аргументите на синдикалците дека минималната плата во земјава мора да расте, а со тоа и останатите плати.

Вчера не падна договор меѓу синдикатите и работодавачите за минималецот. Владата крена раце и ги остави сами да се договорат.

„Знаете дека ние имаме став дека паушално зголемување на минималната плата не води кон напредок и раст на економијата во една држава. Имаме Закон за минимална плата, ние го почитуваме Законот, работиме институционално.“, вели Владанка Трајкоска.

„ Не можеме ние веќе да издржиме да живееме за такви мизерни плати кои ги даваат работодавачите во приватниот сектор. Тие можат да кажуваат, да даваат изјави дали треба да се зголемат платите, дали не треба да се зголемат платите, меѓутоа да внимаваат следниот пат кога ќе кажуваат дека нема работна сила во Македонија. Најголеми виновници за иселување на квалификуваните работници се токму тие.“, вели Слободан Трендафилов.

Синдикалците бараат минималец од 450 евра или околу 27.700 денари, а работодавачите се на ставот дека тој не може да е повисок од законското усогласување, со кое би се зголемила од сегашните над 22.500 на околу 24.000 денари.

И додека синдикатот и работодавачите се договорат, минималните плати во регионот растат. Анализата покажува дека и со минималец од 450 евра, земјава пак ќе биде на дното во регионот. И со 450 и со сегашната минимална плата од 367 евра, понизок минималец од нас ќе имаат само Албанија, каде бруто е околу 400 евра, и Косово каде се зголемува на 250 евра.

Така минималната плата во федерацијата Босна и Херцеговина од 310 се зголемува на над 600 евра. Црна Гора воведува две минималани плати. За вработените со средно и пониско образование минималецот би бил 600, а за вработените со вишо и повисоко образование – 800 евра. Минималната заработувачка за работниците во Србија после Нова Година ќе порасне на 458 евра. Во Хрватска од 1 јануари ќе биде 750 евра.
Извор на статија:Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...