1.9 C
Ohrid
понеделник, јануари 20, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го...

Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот

spot_img

Именден слават Климент, Климе, Климентина… Кој бил големиот македонски светец, кој се смета за заштитник на Македонија и Охрид?
Македонија денес (8.12) го слави Свети Климент Охридски, светецот кој се почитува како заштитник на Македонија, Охрид и Македонската Православна Црква, па во негова чест и соборниот храм во Скопје го носи токму неговото име.
За Свети Климент Охридски се знае дека бил ученик на светите учители Кирил и Методиј, кој по нивната смрт го продолжил нивното дејствие и ја основал Охридската книжевна школа која е позната и како „Прв словенски универзитет“ од кој излегле 3.500 ученици, па затоа се смета и за покровител на образованието и јазикот.

<

Климент дејствувал во времето кога сѐ уште постоел голем отпор кон христијанството како религија на овие простори и затоа се верува дека е рамен на апостолите, затоа што слично како христовите апостоли го ширел христијанството и религијата меѓу словенските народи, и тоа на јазик што им е познат.
Се верува дека Климент директно соработувал со Кирил и Методиј во пишувањето на „глаголицата“, а учествувал и во Моравската и Хазарската мисија на светите браќа, ги преведувал светите книги и напишал голем број свои книжевни дела.

Се верува дека по смртта на Константин (Кирил), Климент останал да работи заедно со Методиј и тие заедно 15 години поминале во Панонија и Велика Моравија.

Според некои извори, токму тука Свети Климент го запишал „Опширното житие на Св. Кирил“, или му помагал на Методиј при пишувањето на текстот.

По смртта на Методиј, Свети Климент и Горазд требало да го продолжат дејствието во Моравија, но со доаѓањето на папата Стефан V, словенската писменост била забранета во Велика Моравија, а учениците на словенските учители биле протерани.

По враќањето назад, Климент од страна на бугарскиот цар Борис бил испратен да стане учител во областа Кутмичевица која се наоѓала помеѓу западните граници на Охридското и Преспанското Езеро, каде ја основал Охридската книжевна школа.

Во период од седум години, Климент поминал дел од своето време проповедајќи го евангелието помеѓу населението.

Тој посветил уште еден дел од своето време на поучување на глаголицата, а неговите поталентирани студенти биле избрани за подетално теолошко усовршување и поклонување на свештенството.

Во времето на владеењето на Симеон Велики, Климент бил назначен за епископ на Дрембица или Велика, но продолжил да одржува контакт со манастирот што го основал во Охрид и се повлекувал таму за одмор и за молитва.

Климент починал на речиси 80-годишна возраст на 27-ми јули во Охрид и бил закопан во гробот што сам си го подготвил во манастирот „Свети Пантелејмон“.

На почетокот неговото успение се славело на 27-ми јули, а потоа било одлучено да се слави на денот на неговиот именден, односно на Свети Климент Римски на 8-ми декември.

По неговата смрт, народот веднаш почнал да го слави, па така за неговото име се врзуваат голем број легенди и преданија.

Се верува и дека освен што ги описменувал Словените, Климент исто така ги оплеменил овошните дрвја, па затоа денес во Охрид и охридско има дрвја какви што не можат да се најдат никаде на друго место.

Многумина раскажувале дека тој имал моќ да лекува со допир, со лековити води или со лековити билки.

Преданијата раскажуваат дека секојпат кога на Охрид му се заканувала некоја несреќа, се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разурнување и народот од страдање.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Родителите бараат продолжување на распустот поради грипот – од Комисија за заразни болести порачаа дека не гледаат причина за одложување

Учениците од утре се враќаат во основните и средни училишта, со што почнува и второто полугодие. Дел од родителите на социјалните мрежи веќе коментираат...

Запросување за ВОДИЦИ во Битола..

Битолчанецот Андреј Неделковски ја запроси за жена својата долгодишна љубов Михаела Бојоска денеска на Водици откако претходно се фрли во осветените води во базенот...

Богојавлние – Водици беше одбележан и во областа Шпат од Елбасанска Митрополија

Во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска Митрополија со радост се празнуваше Богојавление – Водици. Божествената Литургија, по повод овој голем православен...

Во реката Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше

Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем...