1.9 C
Ohrid
сабота, јануари 25, 2025
ПочетнаМакедонијаМахир Зењили гордо го вее македонското знаме: Мојот сон е да застанам...

Махир Зењили гордо го вее македонското знаме: Мојот сон е да застанам на голот на македонската репрезентација!

spot_img

Махир Зењили е млад фудбалски голман кој е роден 2013 година во Монтебелуна, Италија, кој поседува двојно државјанство, неговите родители се долно реканскиот крај, општина Маврово и Ростуше.

<

Желбата на младиот голман за фудбал започнува уште од мали години возраст кога ги прави првите почетоци во фудбалот, јавува Спортска Мтежа.

Младински фудбал
Фудбал
Махир Зењили гордо го вее македонското знаме: Мојот сон е да застанам на голот на македонската репрезентација!

Махир Зењили е млад фудбалски голман кој е роден 2013 година во Монтебелуна, Италија, кој поседува двојно државјанство, неговите родители се долно реканскиот крај, општина Маврово и Ростуше.

Желбата на младиот голман за фудбал започнува уште од мали години возраст кога ги прави првите почетоци во фудбалот.

„Желбата за спорт започна уште кога имав четири години татко ми кога имаше слободно време ме носеше во парк со моите две сестри. Секогаш татко ми носи фудбал јас имав желба да му бранам пенали. На седумгодишна возраст ме запиша во една школа за фудбал мојата желба беше преголема да играм фудбал. Желбата за да бидам голман ми е бидејќи уживам да се фрлам на теренот, сакам многу пенали да бранам. Причината за голман е мојот татко, тој ми раскажуваше многу за неговиот вујко Музафер, кој во осумдесеттите години играл во Кораб и бил еден од најдобрите и тоа уште повеќе ми дава волја да стигнам до неговото успеси“, вели младиот Махир за Спортска Мрежа.

Вели дека Несторовски и Пандев се негови идоли, а вели дека македонското знаме секогаш го носи со себе.

„Нестороски и Пандев се моите идоли, а најголем поклон добив од бате Нестор за мојот роденден билети за мечот Удинезе – Џенова во вип зоната. Моментално сонувам за средба со Елмас и Ристовски, како и голманот Столе. Македонското знаме го носам секогаш во опремата за натпревар и тренинзи ми носи среќа кога победив освојувајќи прво место гордо го веев и се радувам со знамето. За мене македонското знаме претставува многу бидејќи иако сум роден во Италија чувствувам повеќе љубов за Македонија и тоа благодарение на бате Александар Трајковски кога ја елиминира Италија затоа што на денот на натпреварот моите школски и клупски другари ми велеа дека Италија ќе победи. Кога Трајковски го постигна голот нашиот дом имаше многу радост. Следниот ден заминав на училиште со знамето врзано за мојата ташна и весел заминав на училиште. Омилен голман ми е Буфон, бидејќи навивам за Јувентус, но сега омилен голман ми е Столе Димитриевски“, раскажува Махир за Спортска Мрежа.

Неговиот сон е да застане на голот на репрезентација на Македонија.

„Да мојот сон е да стигнам на високо ниво сакам гордо да застанам на голот на репрезентацијата на Република Македонија, заедно со мојот идол Столе. Би сака да испратам и една порака до македонскиот народ. Верувајте во своите деца носете ги да спортуваат, да ги полнете фудбалските стадиони, спортски сали, да спортуваме дали тоа било фудбал, ракомет или кошарка, помалку политика, повеќе турнири за децата. Со ова мислам дека ќе сфати народот, спортот е здравје, а политиката е пропаст“, додава малиот Махир.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште, пренесува МИА. Засега нема детали, и не е позната причината за запалувањето на...

Новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка денес го однесе првиот човечки живот

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри како што е познато пред 20 дена беше отворен за сообраќај. За жал денес овој пат...

Вработена тепала колешка во болницата во Охрид

На 24.01.2025 во 13:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни...