1.9 C
Ohrid
сабота, јануари 25, 2025
ПочетнаМакедонијаУставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

spot_img

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Напротив, во рефератот, до кој „360 степени“ доби увид, се аргументира дека законот има своја уставна основа и е втемелен во амандманот V од Уставот на Република Северна Македонија.

<

Иако целината на законот не е предмет на сомневање, во рефератот се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на неколку општи формулации и две конкретни одредби: симболите на парите и водењето на судските постапки. Овие одредби беа истакнати и во мислењето на Венецијанската комисија од 2019 година како потенцијално проблематични.

Рефератот наведува дека „содржината на оспорениот Закон за употреба на јазиците ја има својата уставна основа“ и дека нема основа за поведување постапка за негово суспендирање или носење времена мерка која би го запрела спроведувањето на законот.
Уставниот суд, пак, во официјален став, вели „во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност. Уставниот суд апелира на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на самата постапката особено во период пред Судот да расправа и да одлучува по предметот“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште, пренесува МИА. Засега нема детали, и не е позната причината за запалувањето на...

Новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка денес го однесе првиот човечки живот

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри како што е познато пред 20 дена беше отворен за сообраќај. За жал денес овој пат...

Вработена тепала колешка во болницата во Охрид

На 24.01.2025 во 13:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни...