18.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонија„Слушнав тивко плачење, како да мјаука маче“, вели човекот кој спаси бебе...

„Слушнав тивко плачење, како да мјаука маче“, вели човекот кој спаси бебе од контејнер во Србија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Златковиќ (50) од српското село Малошиште кај Ниш, вчера попладнето пронашол и спасил новороденче кое мајката го оставила во контејнер покрај локален пат. Тој за „Блиц“ ги раскажа деталите од драмата и спасувањето на бебето.

<

Бебето тивко плачеше додека го држев во раце, не знаев каде сум. Тоа беше како стеснување на свеста. Не видов никој околу мене. Го гледав само бебето, тоа да биде добро, додава случајниот херој.

Родителите не знаеле дека девојката е бремена
Јелена и Драган Ј., родителите на жената која го родила и го фрлила бебето во контејнер, за „Блиц“ велат оти не знаеле дека нивната ќерка е бремена и дека дознале дека таа го родила и го фрлила детето дури кога дошла полицијата. Тие раскажуваат дека нивната ќерка тој ден се пожалила на болки во стомакот и дека дури по породувањето виделе дека бебето се родило до влезната врата. Таа тогаш го зела новороденчето и го однела право во контејнерот до куќата.

Мајката е осомничена за обид за убиство на дете при породување. Како што објавија српските медиуми, таа по породувањето била пренесена во Универзитетскиот клинички центар во Ниш за да ѝ се укаже помош и дека не е во животна опасност. По наредба на Обвинителството, штом ќе ѝ дозволи здравствената состојба, мајката ќе биде испратена на психијатриски преглед.

Бебето било пренесено и задржано на педијатрија во УКЦ Ниш, за лекарите да ја следат неговата состојба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...

Крвава расправија во Штип: Жена го повредила сопругот со остар предмет

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за...

Убиецот Димитар Спасов од Неготино, веќе не е во Бардовци

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...