32.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНова кривична за Мерко – библиотекар именувал за директор на основно училиште

Нова кривична за Мерко – библиотекар именувал за директор на основно училиште

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нова кривична пријава против актуелниот струшки градоначалник Рамиз Мерко.

<

„ ОВР Струга поднесе нова кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село.

Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик“ велат од МВР.

Оттаму посочуваат дека „овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...