13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаОд затвор командувале со бандата Барон/Беланоца – детали за акцијата против озлогласената...

Од затвор командувале со бандата Барон/Беланоца – детали за акцијата против озлогласената криминална група на која и служеле и полицајци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Организирале и вршеле убиства, а главниот бос им бил во затвор и од таму ги командувал операциите на групата Беланоца/Барон, соопштија полицијата и обвинителството кои покренаа истраги за 18 лица, членови на озлогласената скопска банда.

<

За лидер е посочен Фатљум Ајети – Тоте кој издржува затворска казна. Уште двајца се во притвор, а меѓу припадниците на групата има и починати и убиени во престрелките со нивните улични непријатели од бандата Грчец/Дуќанџик чиј шеф е избеган во Дубаи.

Во акцијата четворица се уапсени, еден сам си дошол во полициска станица, а останатите се недостапни. Некои дури избегале за време на акцијата што упатува дека имале добри и ефикасни кртови во полициските редови.
И шефот на групата Ајети и неговите главни помошници, Гани Туша и Зулќуфли Нуредини- Мали Репки, операциите ги воделе од затворска келија, а меѓу другото организирале изнуди и палеле автомобили на затворски чувари. Туши веќе е обвинет за убиството на Орхан Бајрами-Оки кое се одигра во Ханиоти, во Грција лани во јули.

Но, групата сега е осомничена за организација на многу повеќе убиства за кои извршителите ги плаќале со десетици илјадници евра. Едно од нив е и злосторството во Шиша бар.
Јавува Тв Телма
Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки кој, каде, кога и на каков начин ќе биде ликвидиран. Притоа, одлуките ги спроведувале лично или преку други припадници на групата плаќајќи од 10.000 до 250.000 евра за убиство. Па така, во име на поддршка на радикалното движење во РСМ или заради безобзирна одмазда кон лица од спротивставена криминална група во периодот од 2020 до 2024 година во шест кривично правни настани лишиле од живот осум лица, три лица биле тешко повредени, а на три лица животот им бил во опасност, соопштија од ОЈО ГОКК.

Во акцијата се најдени оружје,муниција, злато, накит, техника но и како што наведе Тошковски околу 30 милиони денари во кеш во разни валути односно околу половина милион евра. Акцијата продолжува, а за првпат по подолго време е вклучена и армијата која е ангажирана со багери за да прекопува низ Арачиново во потрага по посебно направени бункери за криење на пари и оружје.

Миомир Серафиновиќ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...