19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЛЕВИЦА: СЕМЕЈНИ КЛАНОВИ ОДЗЕМААТ ДЕТСКИ ЖИВОТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЛЕВИЦА: СЕМЕЈНИ КЛАНОВИ ОДЗЕМААТ ДЕТСКИ ЖИВОТИ ВО МАКЕДОНИЈА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СЕМЕЈНИ КЛАНОВИ ОДЗЕМААТ ДЕТСКИ ЖИВОТИ ВО МАКЕДОНИЈА

<

Клиниката за педијатрија е претворена во семеен клан, каде приоритетите се лични интереси, а не здравјето на децата. #Левица неколку пати досега алармираше за ужасната состојба на оваа институција, за која и покрај нашите реакции во последните шест месеци за инволвираноста на семејството Мемеди, не е преземено ништо. Ова дополнително укажува на неспособноста на надлежните и потребата од итни промени во раководството на клиниката. Непотизмот и злоупотребата на јавната установа се директно поврзани со недостатокот на професионализам и одговорност кои денес доведуваат до трагични последици.

Последните шест месеци сведочиме на алармантен број на смртни случаи на деца во јавните здравствени установи во Република Македонија. На Клиниката за детски болести во Скопје починаа 5-годишно девојче со воспаление на мозокот, 14-месечно бебе кое неколку пати било враќано дома пред хоспитализацијата, и 7-месечно бебе кое подлегнало на инфекција. Во Прилеп, 8-месечно бебе почина за време на транспорт до Скопје. Во Гостивар, 4-месечно бебе беше донесено починато во локалната болница, по претходен престој во инкубатор.

Овие трагични случаи покажуваат очигледен недостаток на капацитети, организација и одговорност во здравствениот систем. Здравствените домови низ Македонија, наместо да бидат столбови на итната и интензивна медицинска грижа, се претворени во обични шалтери за препраќање кон Скопје, со што драгоценото време за спасување на животите се губи. Незаинтересираноста и нефункционалноста на јавните установи директно придонесуваат за зголемената смртност на децата. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на смртност на новороденчиња и деца до 5 години пораснала за 15% во 2023 година во споредба со истиот период претходната година.


Министерот за здравство, Таравари, како прв одговорен за состојбите во здравствениот систем, досега не презел суштински чекори за надминување на овој проблем. Регионалните центри остануваат без соодветна медицинска опрема и кадар кој би можел да пружи итна помош на критичните случаи. Ова дополнително ја намалува довербата на граѓаните во здравствениот систем, принудувајќи ги родителите да бараат приватни услуги.

Според податоците на УНИЦЕФ, Македонија има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа. Време е за преземање политичка одговорност за системските пропусти кои директно влијаат врз смртноста на децата. Регионалните здравствени центри мора да се реформираат со обезбедување на современа опрема, зголемување на бројот на специјалисти и континуирана едукација за медицинскиот кадар. Дополнително, потребно е воведување на функционален систем за транспарентност преку редовно објавување на извештаи за смртноста во болниците и формирање независна комисија за испитување на причините за секој трагичен случај.

Левица останува посветена на борбата за обезбедување здравствен систем кој ќе ги заштитува животите на сите граѓани, а особено на најранливите категории како што се децата. Сите надлежни институции мора да преземат итни мерки за да се спречат вакви трагедии во иднина.
Стои во соопштението на Левица на социјалните мрежи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...