13.9 C
Ohrid
вторник, април 22, 2025
ПочетнаМакедонијаИлире Даути повторно го блокира Законот за бранители

Илире Даути повторно го блокира Законот за бранители

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути денеска повторно ја прекина седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара како прва точка на дневниот ред да биде Предлог на законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства – Законот за бранители. На комисијата требаше да се расправа за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во второ читање.

<

На барањето на Тренчевска, претседателката на Комисијата Даути нагласи дека дека не може да го стави на гласање нејзиниот предлог бидејќи овој предлог-закон ги поминал сите законски рокови. И на крајот, Даути ја прекина денешната седница на Комисијата.

-Дебатата за овој закон е една дебата за која сме се објасниле сите страни. Не сакам да продолжуваме понатаму и да навлегувам во детали. Вие знаете дека вашиот предлог не ги исполнува условите по Деловникот на Собранието и не може да го прифатиме вашиот предлог. Вие добро знаете дека законите кои требале да поминат преку нашата Комисијата поминале преку други комисии. Не сум забележала дека вие таму одите да ја блокирате работата на комисиите или на пленарни седници кога поминуваат. Продолжувате да инсистирате да ја попречувате работата на оваа Комисија, иако и вие и јас, и сите ние знаеме дека тој Закон ги помина сите рокови кои се предвидени по Деловникот. И Законот кој го предложив за дневен ред на денешната седница помина на пленарна седница, рече Даути

Таа побара да се овозможи работата на Комисијата без попречување. На ова се надоврза Тренчевска, која рече дека како пратеник според Деловникот на Собранието има право да предложи да се стави на дневен ред овој Предлог-закон.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор.

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор. Покрај ова за сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на...

Кумановка вработена во спортска обложувалница украла 32 илјади денари

МВР денеска соопшти дека на 13 октомври 2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената М.П од дневниот пазар одзела...

Нотарка навредувала слеп човек со зборовите: Неписмен, ниту гледаш ниту слушаш !!!

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила вознемирување и директна дискриминација од нотарка кон слепо лице, но и дискриминација од Министерството за...

Ограбен пратеникот Фатмир Битиќи: Од домот му изнеле сеф со пари

Сеф со пари е украден од домот на Фатмир Битиќи, експретседател на СДСМ и пратеник. За ова објавија од Министерството за внатрешни работи. Пријавата...