5.1 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓаните не гледаат дека има намалување во маркетите, освен на производите кои...

Граѓаните не гледаат дека има намалување во маркетите, освен на производите кои помалку се трошат

spot_img

Граѓаните велат дека не гледаат дека е намалено нешто во маркетите. Велат дека има намалување само кај неколку производи од еден производител што помалку се трошат. Така, на пример, ако има три вида јогурт од еден производител, намален е само еден од видовите јогурт, еден вид сирење… Од Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека, покрај оваа акција, потребно е да има и новогодишни акции со што би се намалиле и цените на оние производи што не се во кошничката.

<

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека храната и пијалаците во декември се зголемени за дополнителни 397 денари наместо да бидат намалени за најмалку 10 отсто.

Поради тоа, предлагаат за следната мерка да не бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и на работниците.
Вечер …од 1963
Дома ЕКОНОМИЈА
ЕКОНОМИЈАТОП 5
Граѓаните не гледаат дека има намалување во маркетите, освен на производите кои помалку се трошат
Граѓаните велат дека не гледаат дека е намалено нешто во маркетите. Велат дека има намалување само кај неколку производи од еден производител што помалку се трошат. Така, на пример, ако има три вида јогурт од еден производител, намален е само еден од видовите јогурт, еден вид сирење… Од Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека, покрај оваа акција, потребно е да има и новогодишни акции со што би се намалиле и цените на оние производи што не се во кошничката. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека храната и пијалаците во декември се зголемени за дополнителни 397 денари наместо да бидат намалени за најмалку 10 отсто. Поради тоа, предлагаат за следната мерка да не бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и на работниците

Од страна на Вечер -23/12/2024 – 15:13293

Првичните реакции на јавноста околу акцијата „Новогодишна кошница“ се дека нема некое позначително намалување на цените на производите. Граѓаните велат дека и, покрај помпезното најавување на кошничката со која требаше да има поочигледно поевтинување од претходната мерка, сепак, воопшто не е така тоа во маркетите. Велат дека има намалување само кај неколку производи од еден производител што помалку се трошат. Така, на пример, ако има три вида јогурт од еден производител, намален е само еден од видовите јогурт, еден вид сирење…

Ова го потврдуваат и од Организацијата на потрошувачи на Македонија, од каде што велат дека, покрај оваа акција, потребно е да има и новогодишни акции со што би се намалиле и цените на оние производи што не се во кошничката.
Производителите и трговците можат да прават новогодишни акции и кај производите што се веќе намалени, со што дополнително би се намалила нивната цена. Со оглед на тоа што има намалување само кај одредени производи, со новогодишна акција, која може да трае и до 30 дена, може да се намалат цените на оние производи што не се во кошничката како, на пример, зејтинот, кафето…Така, на пример, ако има намалување само на еден вид јогурт од еден производител, со новогодишна акција може дополнително да ги намали другите два што не се во кошничката. На тој начин компаниите ќе покажат дека навистина се општествено одговорни – изјави за весникот ВЕЧЕР Маријана Лончар-Велкова.
Таа вели дека со новогодишна акција може да бидат опфатени и оние производи што се покачени на светско ниво и чии цени зависат од берзанските цени како, на пример, кафето, какаото, шеќерот… Исто така, со новогодишна акција може да бидат опфатени одредени видови сирење, салами, путер што не се во кошничката.

– Не знам кој ќе биде крајниот ефект од акцијата „Новогодишна кошница“. И покрај тоа што се очекуваше поголем ефект од претходната мерка за намалување на маржата, сепак, првичните реакции на јавноста се дека нема големо намалување на цените на производите во маркетите. Сепак, за поздравување е акцијата, бидејќи произлезе од производителите и е потребно почесто да покажуваат вакви иницијативи што се во интерес на заштеда на семејниот буџет на граѓаните – додава Лончар-Велкова.
Од Сојузот на синдикати на Македонија пресметаа дека минималната синдикална кошничка во декември годинава повторно е зголемена за 840 денари во однос на претходниот месец и изнесува 62.861 денари.
Извор: Вечер Пресс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...