25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСе јавија ДУИ: Одлуката за полицаецот кој го погази албанското знаме, тешка...

Се јавија ДУИ: Одлуката за полицаецот кој го погази албанското знаме, тешка провокација за соживотот!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од ДУИ велат дека одлуката на Министерството за внатрешни работи да го затвори случајот со полицаецот кој го понижил Албанското национално знаме без никаква одговорност или казнена мерка е срамен чин и јасен знак за легализирање на дискриминацијата кон Албанците во Северна Македонија.

<

„Овој потег ја покажува целосната неуспешност на институциите да го заштитат достоинството на Албанците и да обезбедат почитување на основните права.

Одговорноста за оваа состојба не се сведува само на етничката омраза и одмазда на Владата и на министерот Панче Точковски, туку и на нелегитимните албански претставници во владата, кои со своите континуирани манипулации и лажни ветувања ги предадоа интересите на Албанците.

Заменик-министерот за внатрешни работи и претставниците албанци избрани од ВМРО-ДПМНЕ, кои денес се дел од оваа влада, покажаа целосна неспособност да го претставуваат и бранат својот народ, станувајќи гаранти на неправдата и дискриминацијата.
Нивното молчење пред овој чин и пред многу други дискриминаторски постапки претставува голем срам и предавство на националните интереси на Албанците.

Наместо да бидат заштитници на Албанците, тие станаа алатки на власта, која систематски ги понижува нашите симболи и националното достоинство.
Оваа состојба не може повеќе да се толерира.

Албанците се изморени од манипулациите, празните ветувања и предавствата на своите претставници, кои продолжуваат да делуваат во личен интерес наместо да ги бранат правата и интересите на својата заедница.

Сите кои се дел од оваа неправда ќе сносат одговорност пред Албанците и пред историјата“, велат од ДУИ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...