26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаИЈЗ препорачува да намалите со алкохол за празниците

ИЈЗ препорачува да намалите со алкохол за празниците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците.

<

– За време на празниците, луѓето се опуштаат во исхраната и пиењето. Меѓутоа, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет дена. Оваа година, Институтот за јавно здравје се фокусира на препораки за правилна хидратација за време на празниците, се наведува во соопштението, апелирајќи граѓаните да го преиспитаат нивниот пијалак.

Од ИЈЗ посочуваат дека слатките пијалаци „кријат кисела вистина“.

– Внесот на вакви пијалаци е една од главните причинители за зголемената преваленца на дебелина, дијабетес тип два, кардиоваскуларни болести, забен кариес и други здравствени проблеми. На пример, во Северна Македонија, податоците од Иницијативата за следење на дебелината кај децата, покажуваат дека внесот на засладени безалкохолни пијалаци повеќе од трипати неделно е застапен кај 45 отсто од момчињата и 37 проценти од девојчињата, се истакнува во соопштението.

Се појаснува дека под засладени безалкохолни пијалаци спаѓаат газирани, овошни, спортски, енергетски пијалаци, ладни чаеви и вода со вкусови – ароми. Исто така, кафињата со вкус, чоколадното млеко, пијалаците каде се додава шеќер – бел или кафеав, млеко во прав, шлаг и слично, спаѓаат во оваа категорија.

– Како да избегнеме засладени пијалаци? Не купувајте и не складирајте засладени пијалаци дома. Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувајте безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови со растворување, сирупи и така натаму. Редовно носете со себе вода во стаклено шише, советуваат од ИЈЗ.

Оттаму апелираат водата да биде сечиј прв избор.

– Консумирајте млеко, јогурт, кефир и слично. Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус – арома. Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер. Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција, појаснуваат од Институтот.

Апелираат дека ниту едно ниво на консумирање алкохол не е безбедно за нашето здравје.

Меѓународната агенција за истражување на ракот, алкохолот го класифицира како токсична, психоактивна супстанца што создава зависност и канцерогена супстанца – група 1, со што се каузално поврзани седум видови рак: на устата, грлото, душникот, хранопроводот, црниот дроб, дојката – жени и дебелото црево, истакнуваат од ИЈЗ.

На глобално ниво, како што се додава во соопштението, алкохолот придонесува за три милиони смртни случаи и е одговорен за 5,1 отсто од глобалното оптоварување на болести и повреди. Дури 13,5 проценти, како што се наведува, од сите смртни случаи кај оние на возраст од 20 до 39 години се припишуваат на алкохол.

– Консумирањето на алкохол е поврзана со 740.000 нови случаи на рак секоја година на глобално ниво. Сепак, најновите достапни податоци покажуваат дека половина од сите видови на рак што се припишува на алкохол во Европскиот регион на СЗО се предизвикани од „лесна“ и „умерена“ консумација на алкохол – помалку од 1,5 литри вино или помалку од 3,5 литри пиво неделно, појаснуваат од ИЈЗ.

Од Институтот нагласуваат дека некои студии сугерираат оти лесно до умерено консумирање – 1-2 алкохолни единици на ден, алкохол има ограничен заштитен ефект врз инциденцата на кардиоваскуларни болести и тоа, за лица над 40 години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...