19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЧетворица четвртооделенци од Штип спасија човечки живот!

Четворица четвртооделенци од Штип спасија човечки живот!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се млади херои кои покажаа дека вистинското знаење се мери не само со училишните успеси, туку и со неговата примена во најважните моменти од животот. Овие деветгодишни деца пред три дена во паркот во населбата Осми Ноември спасија човечки живот.
Марко Ташков денеска за МИА изјави дека минатиот петок играјќи фудбал во паркот во нивното маало, забележале дека дедото на едно од нивните другарчиња, кое учи во училиштето паднал во безоснание, по што веднаш реагирале.

<

-Веднаш истрачавме да видиме дали е добар дедото и јас веднаш го препознав дека живее во мојот влез и веднаш отидов да ја повикам неговата сопруга. Ѕвонев, ѕвонев на врататa и никој не ми отвори и повторно се вратив го зедов телефонот од едно од другарчињата и се јавив на Брза помош и реков дали може веднаш да дојде Брза помош во паркот во Осми Ноември, бидејќи на еден дедо му се слоши, потоа дојде Брзата помош и му помогна. За пет до шест минути пристигнаа од Брзата помош, вели Ташков.

Неговите другари, Ристе, Михаил и Давид додаваат дека убаво е да си хуман и храбар во такви моменти, кога на некој му е потребна помош.

Нивните наставнички, Ванѓе Манева и Елена Дубровска велат дека оваа постапка на нивните ученици претставува вистинска инспирација и потсетник не само на нивните врсници, туку и на возрасните дека хуманоста, сплотеноста, емпатијата се основните вредности на коишто се гради една здрава заедница.

-Ние како нивни учителки сме горди на нивното дело и сме горди што тие се дел од нашето училишно семејство. Затоа сакаме да упатиме една јавна благодарност од наше име, од името на училиштето за нивната хуманост, за нивното дело, за нивната брза реакција и за сплотеноста во спасување на еден човечки живот, вели Манева.

Наставничката, Дубровска вели хуманоста е одлика на силните, на оние коишто умеат да сакаат, да даваат и помогаат.

-Овие дечиња покажаа дека знаењето коешто го стекнуваат овде во училиштето можат да го употребуваат и во секојдневниот живот, секогаш кога има потреба, па дури кога станува збор за човечки живот. Импресивно е како тоа тие успеале на брз начин да се организираат и реагираат и на тој начин да дадат свој придонес во целата оваа ситуација, вели Дубровска.

Четвртооделенците, Марко, Ристе, Михаил и Давид одржаа лекција како треба да се реагира кога на некој му е загрозен животот и какошто велат нивните наставнички вака изгледаат вистинските хуманисти од мали нозе.

Раководството и наставниците во ООУ „Тошо Арсов“ на овие дечиња им доделија и благодарници, и им порачаа дека се горди што се дел од нивното училишно семејство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...